На 22 февруари 2020 година, папата Фрањо го именува за апостолски нунциј во Аргентина монс. Мирослав Адамчuк, титуларен надбискуп на Отриколи и досегашен апостолски нунциј во Панама.
Мирослав Адамчик е роден на 16 јули 1962 година во Гдањск. За свештеник на надбискупијата Гдањск е ракоположен на 16 мај 1987 година. Студирал канонско право, а во дипломатската служба на Светиот Престол влегува на 1 јули 1993 година. На служба бил во Мадагскар, Индија, Унгарија, Белгија, Јужна Африка и Венецуела.
Папата Бендикт XVI го именува на 22 февруари 2013 година за апостолски нунциј во Либерија и титуларен надбискуп на Отриколи. Епископско посветување прима на 27 април. Папата Фрањо на 8 јуни 2013 година го именува и за апостолски нунциј во Гамбија и на 21 септември 2013 година нунциј и во Сиера Леоне. За апостолски нунциј во Панама е именуван на 12 август 2017 година.
Ватикан њуз/к.мк