За многу ирачки христијани ова е веќе петти Велигден во бегалство
Велигден во знак на јавно славење и надеж за обнова. Тоа е она што го посакуваат и ќе го живеат овие денови ирачките христијани кои се вратија во долината Ниневија, како и оние, кои, откако побегнаа од таканаречената Исламска држава во 2014, уште живеат во прифатните центри во ирачкиот Курдистан.
За многу ирачки христијани ова веќе е петти Велигден во бегалство. И покрај тоа што како и многу други верници, во своите села ќе учествуваат на обредите на Страстната седмица, додека истовремно продолжува обновата на местата со мнозинско христијанско население, а кои се уништени од насилството кое го направија исламистите. Во овој момент од 41.304 христијани кои пред војната живееле во долината Ниневија, повеќе од 45 % од семејствата се вратени во своите домови. Од 14 илјади оштетени и уништени куќи и станови, 6.300 се обновени.
Се стравува дека намалувањето на средствата за обнова може да го успори враќањето. Фондацијата со Папско прави „Црква во неволја“, со повеќе од 40 милиони евра е главен донатор, кој го осигурува опстанокот и напредокот на христијаните во Ирак. Фондацијата делува преку „Одборот за обнова на Ниневија“ на кој се придружија и други партнери и локални Цркви.
За семејствата кои уште се наоѓаат во прифатните центри во Ербил и во остатокот од ирачки Курдистан, најважна им е помошта во рамки на кампањата „Посвојте христијанин од Мосул“, кој ја организира агенцијата Азија њуз и Папскиот институт за странски мисии.
Отец Самир Јусуф, парох во бискупијата Амадија, кој последните години се грижеше за илјадници христијани, муслимани и језиди, во разговор за Азија Нуз се заблагодари на донациите преку кои може да се помогне на семејствата во потреба, било тоа да се христијански семејства или бегалци од Мосул и долината Ниневија, кои уште живеат меѓу нив и кои не можат да се вратат на своите подрачја, затоа што се уништени или небезбедни.
Ватикан њуз/к.мк