Папата Фрањо служеше света Литургија за мигранти и бегалци

Папата Фрањо служеше света Литургија за мигранти и бегалци

Служејќи света Литургија во базиликата Свети Петар за бегалци и мигранти на 6 јули 2018 година по повод петтата годишнина од посетата на Лампедуса, папата Фрањо во пригодната проповед истакна дека Господ ветува одмор и ослободување за сите угнетувани во светот, но ние сме му потребни за да ги оствари своите ветувања.

Папата Фрањо го предводеше литургиското славење за мигранти и бегалци во базиликата Свети Петар во Ватикан, по повод пет годишнината од својата посета на Лампедуса.

Денес предупредувањето на пророкот Амос е неверојатно навремено – вели Светиот Отец во пригодната проповед и продолжува: Колку само сиромашни се газат во нашите денови и се уништуваат! Сите тие се жртви на културата на отфрлање. Меѓу нас се исто така мигрантите и бегалците кои продолжуваат да чукаат на вратата на земјите кои уживаат најголема благосостојба – рече Папата.

Повик на лична одговорност

Потоа потсети на својата посета на Лампедуса кога спомнувајќи си на оние кои настрада во морето, го повтори безвременскиот повик за човечката одговорност: „Каде е брат ти? Неговата крв од земјата вика кон Мене,“ говори Господ. Тоа не е прашање упатено до  другите, туку до мене, до тебе, до секој од нас. За жал одговорот на тој повик, иако периодично е великодушен, не е доволен, па ние и понатаму тагуваме за илјадниците загинати – предупреди папата Фрањо.

Свртувајќи го вниманието на Евангелието според Матеј, Светиот Отец упати силен повик за личната одговорност на секој поединец. Господ ветува одмор и ослободуање за сите угнетувани во светот, но потребни Му сме за да ги оствари своите ветувања – рече Папата додавајќи дека на Господ му се потребни нашите очи за да ги види потребите на нашите браќа и сестри; нашите раце за да им понуди помош; нашиот глас за да протестираме против направените неправди. Потоа потсети на Исусовото укорување на фарисеите кои ги нарекува заради безплодното лицемерие, затоа што не сакаат да ги извалкат своите раце, а станува збор за искушение кое е присутно и денес.

Да се стремиме за доброто на сите земји

Влегувајќи во сржта на проблемот на миграцијата, папата Фрањо предложи став кој би требало да го негуваме соочени со секојдневните предизвици. Пред предизвиците на современите миграциски движења, единствениот разумен одговор е солидарност и милосрдие – истакна Светиот Отец и продолжи: Одговор без премногу пресметки, кој бара праведна распределба на одговорноста, искрено вреднување на алтернативата и претпазливо управување.

Праведна политика е онаа која е во служба на човекот, на секој вклучен човек; политика која нуди решенија кои можат да загарантираат сигурност, почитување на правата и достоинството на сите; политика која се грижи за доброто на сопствената земја земјаќи го притоа во предвид доброто на сите во светот кој сѐ повеќе е меѓусебно поврзан. Младите гледаат токму кон тој свет – рече Папата.

Апел до меѓународната заедница

Светиот Отец потоа го сврте вниманието кон светските лидери. Претпазливо ги следиме напорите на меѓународната заедница да одговори на предизвиците кои ги претставуваат денешните миграциски движења поврзувајќи ја солидарноста со супсидијарноста и идентификувајќи ги како ресурсите така и одговорноста – рече папата Фрањо.

Да се почитува културата и законите на земјата која прифаќа

Папата на крајот на мигрантите и на спасувачите присутни на светата Литургија им упати неколку зборови на шпански јазик. Прво им се заблагодари на спасувачите што во нашите денови ја овоплотија параболата за Добриот Самарјанин, а на спасените повторно им ја изрази својата солидарност и ги охрабри повикувајќи ги и понатаму да бидат сведоци на надежта и да соработуваат на патот на интеграцијата почитувајќи ја културата и законите на земјите кои ги примаат.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот