Дон Боско бил толку среќен што со тоа чуство секој го опфаќал. „Драг пријателу“, тој еднаш напишал на неговиот соработник, „јас сум човек кој ја сака радоста и кој сака да те види среќен и тебе и сите други. Ако правиш како што ти кажувам, ќе бидеш среќен и задоволен во срцето свое“
Ако постои еден факт во човечката природа кој никој не може да го негира, тогаш тој е дека сите ние сакаме да бидеме среќни. Сите копнееме за среќа – за бесконечна, постојана среќа.
Проблемот е во тоа што ние честопати среќата ја бараме на погрешни места, па поради тоа честопати сме фрустрирани и сиромашни односно се чувствуваме мизерно. Експанзијата на глобално популарните книги за самопомош ни зборуваат дека нашата внатрешност копнее за упатства за подобар живот.
Еден човек ја открил тајната за вистинска среќа. Се викал свети Иван Боско. Тој бил човек кој доживеал многу искушенија, но животот му бил исполнет со многу задоволства и радости. Дон Боско бил толку среќен што со тоа чуство секој го опфаќал. „Драг пријателу“, тој еднаш напишал на неговиот соработник, „јас сум човек кој ја сака радоста и кој сака да те види среќен и тебе и сите други. Ако правиш како што ти кажувам, ќе бидеш среќен и задоволен во срцето свое“
Како дон Боско ја пронашол вистинската среќа? Еве ги неговите шест препораки за среќен живот:
- Живејте само за Бог – „Дајте му ја на Бог најголемата слава и обожавајте го со сета своја душа. Ако имаме грев на својата совест, што е можно поскоро исповедете го во добра света Исповед“.
- Бидете слуги на другите – „Немојте никогаш некого да навредите. Пред сè, бидете подготвени на другите да им служите. Очекувајте и барајте повеќе од себе отколку од другите“.
- Бидете внимателни во своите врски и односи – „Не верувајте им на оние кои немаат вера во Бога и кои не ги почитуваат Неговите заповеди. Оние кои не се двоумат да го навредат Бог и кои на Бог не му го даваат тоа што е потребно, многу полесно и вас ќе ве навредат, па дури и ќе ве предадат кога за тоа ќе им се даде можност“.
4.Трошете разумно – „Ако не сакате да пропаднете, немојте никогаш да трошете повеќе од она што сте го заработиле. Ова секогаш имајте го на ум, и правилно проценете ги вашите вистински можности“.
5.Бидете понизни – „Бидете понизни. Не говорете многу за себе и никогаш немојте пред другите да се фалите. Оној кој сам себе се воздигнува, макар и да има вистински заслуги за тоа, тој самиот ризикува другите да престанат да мислат добро за него. Оној кој се бори само за слава и чест со сигурност ќе заврши како несреќник. Нема да има мир во душата и ќе биде несигурен во сè што ќе прифати“.
6.Носете го својот крст –„Носете го својот крст на своите рамења и земете го онаков каков што е, мал или голем, без разлика дали ви го дале пријателите или непријателите и без разлика од какво дрво и да е направен. Најинтелигентниот и најсреќниот човек е оној кој, знаејќи дека треба преку целиот свој живот да го носи крстот, со радост и смиреност да го прифаќа крстот кој Бог му го испраќа.“
Не е тешко да се пронајде вистинската среќа. Било кој, макар и дете, може да живее според овие едноставни правила. Сепак, овие совети се сосема поинакви од оние кои денешната култура ни ги сугерира за еден среќен живот, нели? Всушност, тие во целост се во спротивност со поимот за среќа на денешното општество. Вие сигурно нема да ги најдете на листата на најпродаваните книги во светски најпознатите списанија.
Но, вистина е дека она што опшеството ни го кажува не е важно. Најсреќни луѓе се светците, мажите и жените како дон Боско. Тие биле вистински и секогаш среќни бидејќи ја откриле тајната преку која светоста е вистинската среќа и желба им е и вие истата ја откриете.
Битно.нет/к.мк/о.Ѓ.Појразов