Папата ги прими организаторите на апостолската посета на Шри Ланка

Папата ги прими организаторите на апостолската посета на Шри Ланка

На 13 октомври 2017 година, Светиот Отец ги прими членовите на Организацискиот одбор за апостолската посета на Шри Ланка во јануари 2015 година.

Папата на присутните им рече дека посетата на нивната земја за него била голема милост во моментот кога таа азиска земја се стремеше кон помирување и исцелување по годините на уништување и страдање. Папата Фрањо длабоко го допрело тоа што голем број луѓе од Шри Ланка од различни вероисповеди и култури го пречекаа во градот Колумбо. Исто така го допрела и канонизацијата на индискиот свештеник свети Јосиф Ваза, голем мисионер и апостол на тој бисер на Индискиот океан, како и големиот број луѓе кои се собраа на молитва околу светилиштето Пресвета Богородица од Мадхуа, симбол на засолниште и помирување во Шри Ланка.

Папата Фрањо на присутните им се заблагодари за нивната напорна работа која што неговата посета ја направи плодоносна, а исто така се заблагодари на нивните семејства кои направиле многу жртви и ги охрабрувале во нивната работа. Со своето присуство во нашата куќа донесовте нешто од миризливиот воздух на Шри Ланка, потсетувајќи нè така на многу божествени благодати кои заедно ги доживеавме во вашата земја – рече Светиот Отец, повикувајќи на крајот Божји благослов на присутните, на нивните семејста, како и на сите оние кои со нив соработуваа во планирањето на спомнатата посета.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот