Папата го посети домот „Сан Хозе“  во Меделин

Папата го посети домот „Сан Хозе“  во Меделин

На 10 септември 2017 година, триста деца го пречекаа папата Фрањо во домот „Сан Хозе“ во Меделин со кој управува тамошната бискупија, а во кој се згрижени напуштени деца и деца жртви на насилство.

Осврнувајќи се токму на таа реалност, Папата рече, да се гледаат деца кои страдаат, на душата нанесува голема болка, затоа што тие се Исусови миленици. Не можеме да прифатиме со нив да се постапува сурово, да се лишуваат од правото на мирно и радосно детство, да им се негира иднината на надеж – истакна Папата и повика – како што рече – во „сеќавање на срцата“ на неправедно страдање на голем број момчиња и девојчиња во целиот свет кои се недолжни жртви на злосторството на некои луѓе.

И Детето Исус беше жртва на омраза и прогон – потсети Папата – мораше да побегне со своето семејство, да ја напушти својата земја и својот дом, за да избегне смрт. Но, Исус не го напушта никој кој страда, а уште помалку децата кои се негови миленици. Домот Сан Хозе е доказ на Исусовата љубов кон малите и неговата желба да им биде во близина преку нежната грижа на сите добри луѓе кои работат во него затоа водачите на домот, персоналот и голем број други луѓе, веќе се дел од семејството, и тоа дава таа институција да биде дом односно да ја има топлината на семејството во кое се чувствуваме сакани, заштитени, прифатени, негувани и придружувани.

Сите монаси, монахињи и лаци кои во повеќе домови во тој – како што кажа – колумбиски „католички главен град“ со љубов ги прифаќаат и се грiжат за децата кои уште како мали ја искусуваат болката и страдањето, Папата потсети на две реалности кои не смеат да недостасуваат, затоа што се дел од христијанскиот идентитет. Едната е љубовта која знае да го види Исус, присутен во најмалите и најслабите, и светата должност да се доведат децата до Исус. За таа задача со сите нејзини радости и страдања, Папата посака токму свети Јосиф, чие име го носи тој дом да ги вдахне и да им помогне во нивната грижа за децата, кои се иднината на колумбиското општество, светот и на Црквата.

РВ/к.мк

Категорија: Вести

За авторот