Прва лекција за молитвата

Прва лекција за молитвата

Тешко ви е да се молите? Која е првата лекција за молитва и како можеме полесно и поупорно да се молиме ни открива познатиот католички автор Петер Крефт.

Ќе говориме со многу едноставен и практичен јазик за молитвата. Најважниот совет кој го знам во врска со молитвата е и наједноставен: „Едноставно моли!“

Како да се молиме е помалку важно во однос на самиот факт дека се молиме. Несовршената молитва е бесконечно подобра отколку никаква молитва; совршената молитва е само малку подобра од несовршената молитва.

Поранешната прва дама на САД Ненси Реган ја критикуваат заради нејзиниот едноставен слоган против дрогата: „Само кажи не“. Но во нејзиниот слоган постои мудрост: срце со успешна програма за да запре нешто мора едноставно да има волја поединецот да каже не. („Само кажи не“ не значи дека ништо друго не треба да се прави, туку без таквата едноставна одлука ништо друго не може да се прави. „Само кажи не“ можеби не е доволно, но е неопходно.)

Само кажи „да!“

Слично на тоа ниту една програма, метода, книга, учител или способност нема да успее да нѐ придвижи за да направиме нешто ако најпрво не постои тој едноставен, апсолутен избор тоа и да го направиме. „Само кажи да.“

Најголемата пречка која во поголем број од случаите која не ни дозволува да и кажеме „да“ на молитвата, најпопуларниот и силниот изговор кој го даваме кога не се молиме или не се молиме често или поредовно е дека немаме доволно време.

Ми се чини дека единствениот делотворен одговор на таквиот изговор е на некој начин „убиство“. Нешто мораме да „убиеме“, мораме на нешто да кажеме „не“ за да направиме место за молитвата. Секако никогаш нема да најдеме време за молитвата, туку мораме да направиме време за молитвата. А тоа значи дека мораме да одземеме време од нешто друго за да имаме време за молитвата. Единствениот начин за да ја доведеме молитвата за станар во зградата на својот живот е да ги отсраниме станарите од станот во кој молитвата ќе се всели. Само неколку од нас имаат празни станови.

Првата работа која мораме да ја направиме е да одлучиме да направиме место за молитвата. Најверојатно нема тоа да го одлучиш, освен ако не ја видиш молитвата како што таа е: прашање за живот и смрт, твојата вена до Бог кој самиот е живот.

Дали претерувам? Постојат ли поважни работи? Љубовта на пример? Апсолутно ние мораме да љубиме; но љубовта која ни треба е агапе единствената љубов која доаѓа од Бог и која е самиот Бог; затоа ако не одиме до Бог за да ја примиме, нема да ја имаме. Да отидеме до Бог по агапе значи да се молиме. Па, ако не се молиме нема ниту да љубиме.

Организирајте го своето време и испланирајте време за молитва

Сега кога тоа го расчистивме, ја ставивме молитвата на прво место во нашите животи, дефинитивно одлучивме дека тоа ќе го направиме, сега мораме да го организираме нашиот живот околу неа. Да го организираме своето време и да испланираме време за молитва е како да ја подготвуваме својата куќа за боење. Како што знае секој кој работел малку боење подготовката е три четвртини од работата, три четвртини сите маки и три четвртини целокупното време. Само боењето изгледа како ништо во однос на подготовката. Истото важи и за молитвата: најтешкиот чекор е за неа да подготвиш место и време, тој свет и неприкосновен дел од секој ден. Молитвата е како вечерата за некоја свеченост. Само треба еден час за да ја изедеме и десет часа за да ја подготвиме.

Молитвата е како Божиќ: Потребно е месец дена за подготовка, украсување и купување за сѐ да биде подготвено за тој ден. Првиот и најважниот дел на практичната подготвка е планирањето. Апсолутно би требало да испланираме редовно време за молитва, без разлика дали сте човек што сака да ги планира работите во животот или не. „Фати колку можеш“ едноставно нема да функционира; тоа ќе значи сѐ помалку и помалку молитва или никаква молитва. Една брза минуто наутро за да му го препуштиме денот на Господ е подобро отколку ништо секако, но тоа е еднакво како брза минута од денот за вашата жена или маж. Едноставно мораш да одвоиш време секој ден и да испланираш кога ќе молиш.

Колку долго треба да молиш?

Тоа зависи од човек до човек и од ситуација до ситуација, секако; но најмалку би требало да биде околу 15 минути. За помалку од тоа најверојатно нема да можеш да доживееш некои длабоки работи. Ако 15 минити ви изгледаат премногу тоа веќе само по себе е важен индикатор дека треба повеќе да се молите.

Кога молитва ќе ви стане навика и кога ви изгледа дека е лесно да се моли дозволете ѝ да расте, зголемете ја двојно. И тогаш подоцна зголемете ја повторно. Целта нека ти биде еден час дневно ако навистина сакаш радикален резултат. (Го сакаш тоа или само си играш?)

Кој период од денот е најдобар?

Најпопуларното време пред спиење обично е најлошо време од две причини. Прво тоа најчесто не е првокласно време од вашиот ден, туку време кое го третираме како остаток, тогаш најмалку сме внимателни и будни. Сакате ли навистина да го ставите Бог во најлошиот стан во вашата зграда? Дали би му ја дале најболната овца од вашето стадо?

Второ тоа едноставно нема да функционира. Ако чекате да завршите сѐ останато пред да почнете да се молите на крајот најверојатно нема ниту да молите. Животот денес е толку комплициран за поголемиот дел од нас, бидејќи „секоја друга обврска“ не успеваме да ја завршиме. Запаметете дека мора да ги отстраните другите работи за да направите место за молитвата. Нема да можете без тоа.

Најочигледно и обично најдобро време за молитвата е рано наутро. Ако не можеш да ги одложиш работите кои мора да ги завршиш наутро мораш да станеш порано.

Мора ли молитвата да биде првата работа која ќе ја направи наутро?

Тоа зависи. Некои луѓе се лути штом станат, други треба да се истушираат и да се облечат за да се разбудат. Најважно е на Бог да му го дадеме најдоброто време во денот, а потоа треба „едноставно да молиме.“

Местото е речиси важно како и времето. Треба да си создадеме посебно место каде нема да бидеме расеани.

Кое место да го избереме? Некои луѓе не се чувствителни на околината. Другите природно бараат убавина: тераса, градина или место за прошетка. (Мислам дека да молиш додека одиш е добра комбинација на духовна и физичка вежба).

Веројатно забележавте дека сѐ уште не сум кажала збор за методите на молитвата. Тоа е затоа што три четвртини од молитвата е подготовката, се сеќавате ли?

Но што е со методите за молитва?

Јас можам само да говорам од моето лично искуство како искусен почетник. Двете најефективни методи кои ги користам се многу едноставни. Една е молитвата со Светото Писмо кога читам и се молам истовремено, читам во Божјото присуство и ги примам зборовите од Божјата уста. Втората метода е спонтана вербална молитва. Не сум добар во молитвата во тишина, контемплативната молитва: моите мисли летат насекаде. Да се молам на глас (или да пеам) барем ме држи во молитвата. И многу често се случува вербалната молитва да доведе до молитва во тишина или контемплативна молитва.

Да одлучиме „едноставно да се молиме“ иако нашата молитва е само лазење кон Бог.

Жена врсна/кмк

Фото: Marylène Brito во: Pfarrbriefservice.de

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот