Цркваа денес ја слави Страста Господова во сигурност дека Христовиот крст не е победа на темнината, туку смрт на смртта.
Оваа визија на верата е силно нагласена во Ивановото евангелие, каде Исус е претставен како Цар кој ја познава ситуацијата, доминира, и така да се каже, тој владее исто така и со најмалите детали. „Часот“ Исусов е опишан преку фактите како час на страдание, а заедно и на слава: омразата на светот го осудува Исус на смрт на крстот, но над него Бог ја манифестира бескрјната длабочина на неговата љубов. Во ова прекрасно откровение се состои славата.
Приказната за страста почнува и завршува во една градина, како што сѐ имаше почеток во Едемската градина, со кое покажува дека Христос ги зеде и ги откупи гревовите на првиот Адам и дека сега човекот ја повратил неговата првобитна убавина. Приказната не се задржува на Исусовото страдање; свети Иван алудира само на агонијата во Гетсиманија, додека упорно го истакнува божествениот идентитет на Христос, кој, преку изразот „Јас сум“ ги застрашува стражарите. На ист начин зборува за исмејување и тепање, додека го нагласува – особено пред Пилат и за време на распнувањето – царувањето Исусово. Во судницата зборот Христов, осудениот, доминира над оној на неговите тужители. Во моментот кога Исус е осудуван прилично се врши пресудата на светот.
Кога тој е издигнат на крстот се врши не едно човечко дело, туку на Светото Писмо и се открива, всушност, славата Божја. Токму во моментот на смртта, се раѓа новиот избран народ, доверен на Пресвета Богородица. Од водата и крвта кои течеа од прободеното срце, потекнува Црквата, која регенерирана од крштението и хранета од евхаристијата и ќе ја слави во времето пасхата на вистинското Јагне.
На Голгота, потоа, сцената станува речиси пуста: на небото се издвојуваат трите крста, а долу стојат Марија и Иван. Во големата тишина на ова неискажливо страдање одекнува едно прашање: „Жеден сум“. Овој крик потсетува на средбата на Исус со Самарјанката. „Дај ми да пијам“, ѝ беше побарал и следеше откритието дека Исусовата жед била жед за верата на Самарјанката, жед за верата на човештвото, желбата да даде жива вода, да ја задоволи жедта на секој човек со својата благодат. Часот на распнувањето и на смртта Исусова кореспондира со часот на својата максимална плодност во Духот.
Кога Исусовата љубов кулминира во тоталното себежртвување, од своето тотално негирање, како од длабочините на еден подземен извор, извира Црквата, која е новата заедница на верници, новиот Израел, народот на Новиот завет.
И Марија е таму, како соработничка во спасението и заедно со Иван кој ги претставува сите ученици и целото човештво, го сочинуваат првобитното јадро на новородената Црква.
Назарено Маркони/З.А.