Верата отвора секогаш нови патишта за разумот и мирот

Силата на верата е носечка благодат на Христовото Евангелие, секогаш може да отвори нови патишта за разумот и политичките преговори”. Ова го истакна папата Фрањо за време на литургијата, во базиликата Свети Петар на празникот на Пресвета Дева Марија, Богородица и во денот на кој меѓународната заедница го одбележува Светскиот ден на мирот

Словото на Папата беше посветено на божественото мајчинство на Марија. Но, што значи тоа дека Исус се роди кога се исполнија времињата?, запраша реторички папата Фрањо. „Христовото доаѓање во светот не може да биде објаснето историски или политички. Беше време во кое народот на Израел не беше слободен и беше потчинет од римските освојувачи. Затоа е потребно неговото Раѓање да го протолкуваме на друг начин“:

„Во моментов, во кој Бог утврдува дека е дојден моментот да го исполни направеното ветување, тогаш за човештвото се случува полнотата на времињата. Затоа, приказната не завршувасо раѓањето на Исус; тукунеговото доаѓање во светот ѝовозможува на историјата да стигне до својата полнота“.

Затоа, од раѓањето на Синот Божји – продолжи папата Фрањо – започнува сметањето на една нова ера, онаа во која се исполнува древното ветување. Тоа значи поимот „полнота на времињата“:

„Полнотата на времињата е личното присуство на Бог во нашата историја. Сега можеме да ја видиме неговата слава, која свети во најсиромашната јасличка и да бидеме охрабрени и поддржани од Неговото Слово кое стана„мало“ во едно детенце. Благодарение на Него, нашите времиња можат да ја најдат својата полнота“.

Сепак, посочи Папата, денес оваа тајна изгледа се противи со драматичното искуство од историјата. „Секој ден, додека сакаме да бидеме поддржани од знаците на присуството на Бог, се соочуваме со спротивставени и негативни знаци кои повеќе нѐ тераат да Го чувствуваме отсутен пред неправдите, насилството, доминацијата на посилните над послабите, беззаконието, омразата, жедта за војна, прогонството. Една река од страдања, поткрепена од гревот, која е спротивна на полнотата на времињата, реализирана од Христос“:

„Сепак, оваа полноводна река е немоќна пред океанот на милосрдието, во кој плови нашиот свет. Сите сме повикани да потонеме во тој океан, да се препороди, за да ја победиме рамнодушноста што ја попречува солидарноста, и да излеземе од лажната неутралност, која го спречува споделувањето“.

Повикани сме да станеме соработници на Бог во изградбата на еден поправеден и братски свет каде што секој човек и секое созданиеќе живее во мир, во хармонијата на почетнотоБожјосоздание. Сето ова – рече Папата – се раѓа од она „да“, што Марија му го рече на ангелот Гаврил кој нејзе ѝ го навести божественото мајчинство. Древното ветување се реализира во нејзината личност.

„Таа поверува на зборовите на ангелот, Го зачна Синот Божји и стана Мајка на Господ. Преку неа, преку нејзиното „да“, дојде до полнота на времињата“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот