Папата Фрањо канонски формира ново црковно тело кое ќе има за задача да го негува синодсалниот дух во Црквата на амазонските подрачја и да поттикнува инкултурација на верата, стои во пораката на Конгрегацијата за епископи.
Во Завршниот документ на Синодата за Амазонија, еден од предлозите беше создавање на постојано црковно тело кое ќе ја промовира синодалноста во амазонските подрачја. Во белешката на Конгрегацијата за епископи за време на заседавањето од 26 до 29 јуни 2020 година месните епископи одлучија да побараат трајно формирање на Амазонска црковна конференција. Отворен за таа поддршка на таа иницијатива, папата Фрањо ја задолжи Конгрегацијата за епископи внимателно да го следи процесот, давајќи ја целата помош за телото да добие соодветна структура.
Во белешката на Конгрегацијата се наведува дека Папата на аудиенцијата на 9 октомври формира Амазонска црковна конференција како црковно јавно правно лице, со цел промовирање на пасторалното делување на Црквата во Амазонија и поттикнување на инкултурација на верата. Наведено е и дека после нивните размислувања за Статутот на новото црковно тело ќе биде доставен на Светиот Отец за одобрување.
Ватикан њуз/к.мк