150 бездомници во посета на Ватиканските музеи

На иницијатива на Апостолската Служба за милостиња, предводена од полскиот архиепископ Конрад Крајевски, на 26 март 150 бездомници ќе имаат можност да се восхитуваат на уметноста и убавината на Ватиканските музеи.

По посетата на Сикстинската капела, бездомниците ќе останат на вечера во зоната предвидена за одмор по завршување на посетата на музејот. Таму ќе ги очекуваат водичи предвидени посебно за нив. Во Сикстинската капела, традиционалното место за избор на нов папа, бездомниците ќе се задржат на кратка молитва.

Минатата недела на плоштадот Свети Петар, 400 бездомници пристигнаа за да помогнат со ширењето на џебното Евангелие, кое Папата го даруваше на верниците присутни на молитвата Ангел Господов.

Учесниците, поделени во три групи и со билети, донирани од Апостолската служба за милостиња, ќе го посетат Ватикан во раните попладневни часови, прецизира ватиканскиот весник „Осерваторе Романо” .Во овој период на посета на бездомниците, Сикстинската капела ќе биде затворена за посета на други посетители. Ќе им бидат илустрирани фреските на Микеланџело. На крајот од посетата, овие луѓе ќе добијат и вечера.

Инаку од пред неколку недели, бездомниците, ги користат за нив специјално посебно монтираните тушеви, тушеви и се чувствуваат како дома под прозорците на папата Фрањо. Веќе двапати Папата ги ангажираше при делење на Евангелието и ја нагласуваше важноста да се добие овој дар од човек кој има потреба од помош. Овој настан е во целосна хармонија со она што папата Фрањо постојано го истакнува: „да отидеме кај сиромашните, за да добиеме дар – Евангелие од нив и да се обратиме преку нив“. По делењето на Евангелието, сиромашните добија сендвичи од Апостолската Служба за милостина.

Благодарение на иницијативата, предвидена за четврток, голем број од сиромашните ќе влезат во најубавите места кои Ватикан ги чува: убавина која припаѓа на сите, дури и на најсиромашните и на бездомниците кои живеат на улица.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот