Папата до Корејските бискупи: Нашиот живот е служење

На средбата „Ад лимина“ Папата се сретна со бискупите од Кореја и Монголија, на кои им порача да бидат секогаш во близина со свештениците, богопосветените лица како и со младите за градење на посвети, повеќе мисионерски и понизни Цркви.

Три аспекти на бискупската служба – памтењето, младите и утврдувањето на браќата во верата – беше главниот говор на папата Фрањо упатен до корејските и монголските бискупи, по повод нивната посета „Ад лимина“. Потсетувајќи се на неодамнешната апостолска посета на Кореја, Папата сакаше да ги пробуди тогашните размислувања за бискупската служба кон Божјиот народ и општеството.

Еден од најубавите моменти на посетата во Кореја – истакна Светиот Отец – беше беатификацијата на маченикот Пол Јуан Ји-чунг и неговите другари. Првите корејски христијани биле спремни на големи жртви и на лишување на сето тоа што ги оддалечувало од Христа. Само Христос бил нивно богатство. Оваа прва христијанска заедница на Црквата во Кореја оставила „прекрасно сведоштво на христијанскиот живот“, а нивниот пример е „училиште кое секој од нас може да нѐ формира во сѐ поверни христијански сведоци“ – рече Папата и ја истакна важноста на парохиите, училиштата и апостолските центри како автентични места на средба.

На второ место папата Фрањо ги истакна младите во Кореја, кои „на големо сакаат да го продолжат наследството“ на нивните христијански претци. Младите нѐ предизвикуваат да ја „споделиме вистината за Исуса Христа на јасен и за нив разбирлив начин. Тој исто така ја искушува веродостојноста на нашата вера и доверба“ – рече Папата и објасни: младите и нас и Црквата многу бргу ќе нѐ повикаат, доколку нашиот живот нема да биде одраз на нашата вера.“

Гледајте ги младите како соработници во изградување на „посвети, повеќе мисионерски и понизни Цркви„ – рече Папата. Во близина со младите ќе се зајакнат црковните институции и заедниците и ќе им се помогне да ги разберат секојдневните потешкотии на семејствата и општеството. „Служејќи им на младите, Црквата ќе стане квасец во светот, на кој Господ ја повикува – рече папата Фрањо.

Говорејќи за епископската служба во Црквата, Светиот Отец ги охрабри корејските пастири пред сѐ да бидаат слуги, како Христос. „Нашиот живот се состои во бесплатното служење за секоја душа којани е доверена, без исклучок, на нашата грижа. Освен тоа, потсети дека „да се навестува Христос значи да се покаже дека се верува во Него и да се следи не е само нешто исправно и точно, туку тоа е нешто прекрасно, што може да го исполни животот со убавина и со длабока радост, дури и во потешкотиите.

На крајот од говорот, папата Фрањо ги поттикна бискупите на соработка и на братска поддршка; на блискост со свештениците и на лицата посветени на Бога, особено истакнувајќи ги настојувањата на малите католички заедници во Монголија околу изградбата на Царството Божјо.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот