100 Години Сестри Служебници во Куцура

Во капелата на Сестри Служебници (БДМ) во Куцура, посветена на Светиот свештеномаченик Јосафат, токму на празникот на овој голем светец за едiниство на Црквата на 25 ноември (12.11. спoред јулијанскиот календар) беше одбележена 100 годишнината од доаѓањето на Сестрите во ова војводинско место.

Сестрите Служебници својата каризма ја темелат врз исполнување на повикот да бидат Служителки на првата Господова Служителка Дева Марија. Секоја сестра служебница е повикана во исполнување на: тихо, совесно, секојдневно делување за доброто на душите на својот народ и за негов верски-морален и културен напредок.

Централен настан во одбележувањето на Јубилејот беше светата Литургија на денот на патрониот празник, која ја предводеше Н.В.П. д-р Џуро Џуџар, апостолски егзарх во Р.Србија, заедно со Н.В.П. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. Светата Литургија беше служена во капелата на Сестрите, во сослужение со повеќе свештеници меѓу кои домашниот парох прот. ставрофор Владислав Рац. Од Македонија беше присутен и о.д-р Зоран И.Стојанов, декан на деканатот свв. Кирил и Методиј.

Во својот поздравен говор бискупот Стојанов, ја истакна поврзаноста на Црквата во Макеоднија и Војводина во дваесетото столетие и блискоста на Сестрите Служебници со Македонија, кои во еден краток период по Втората светска војна делувале и во Макеоднија, односно во Велес и Дојран.

Сите присутни беа пречекани и поздравени од Провинцијалната настојателка на Сестрите Служебници во Србија с. Вероника Груљак и одговорната настојателка на манастирот во Куцура с. Михаила Воротјак.

к.мк

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот