100 детски цртежи за солидарност

100 детски цртежи за солидарност

Во седиштето на болницата „Бамбино Џезу“ во Палидор, недалеку од Рим, Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, на 19 декември 2017 гдина ја отвори изложбата во организација на спомнатата детска болница и весникот „La Civiltà Cattolica“.

Изложбата е реализирна со детските цртежи подарени на папата Фрањо, а со неа се покренува кампањата и собирањето на прилози за прифаќање и лекување на деца од целиот свет во спомнатата детска болница на Светиот Престол. Собирањето ќе се собира главно преку интернет страницата и социјалните мрежи.

100 цртежи за Папата

Има стотина цртежи кои се сертифицирани од страна на специјалниот секретаријат на Светиот Отец. Папата Фрањо во секој дел од светот, во текот на своите патувања и средби, од децата ги прима како подарок нивните цртежи. Така е донесено одлука, туку да се доверат на весникот „La Civiltà Cattolica“, со желба да ги претвори во подарок за други деца и да станат знак на солидарност. „Папата е толку добар, овој цртеж е подарок за него“ – е посветата од 5 годишната Ане Марие, напишана на цртежот кој му го испратила на папата Фрањо.

Кардинал Паролин: Солидарност со децата

Во нашето делување на меѓународен план – рече кардинал Паролин – привилегирано место има вниманието на децата. Задачата која во прв план ја извршува детската болница „Бамбино Џезу“ ги обединува љубовта и остроумноста на медицинското знаење. Да се поддржи нејзиното делување значи да се прошират границите на солидарноста – рече кардиналот и истакна, дека во последните две години на хуманитарен план се примени речиси 100 пациенти од повеќе од 30 различни земји во светот. Во тоа се вклучуваат и иницијативите за собирање средства, како што е нашата изложба – рече кардиналот и објасни: Станува збор за акции кои бараат нешто да се дарува за да се овозможи соодветно лекување на болните деца кои живеат на перифериите на светот, за да им се пружи најдоброто можно лекување.

Директорката на болницата и директорот на весникот

Цртежите на тие деца нè потсетуваат – рече Мариела Енок, директорка на болницата „Бамбино Џезу“ – дека секој од нас е граѓанин, не само на сопствената земја, туку на целиот свет. Тоа е посебно важна порака за Папската болница која со помош на сите, сака да биде место за лекување на сите деца, а посебно на оние на кои тоа им е најпотребно.

Децата го цртат светот и му го подаруваат на Папата – рече патер Антонио Спадаро, директор на весникот „La Civiltà Cattolica“ – прикажувајќи го чувствителниот свет, кои чувствата и разумот не се раздвојуваат со хирушки нож. Како што потсети папата Фрањо, децата се смеат спонтано, и плачат спонтано, за разлика од возрасните. Можеби е најсложената порака која ја добиваме земајќи ги во рацете овие скапоцени цртежи и децата можат повторно да нè научат да се смееме и да плачеме – рече патер Спадаро.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот