10 години откако папата Иван Павле II замина кај својот Отец (+Видео)
“Lasciatemi andare. – Пуштете ме да си одам“ – Со овие зборови, велат најблиските соработници на папата Иван Павле II во последните денови од животот ја искажуваше желбата за одење во домот на Отецот. А Отецот, вечниот Бог на кој цел живот верно му служеше, го повика кај себе во сабота 2 април 2005 година во 21 часот и 37 минути.
Седумдесет илјади верници на плоштадот Свети Петар – во име на целиот свет – на колена молеа Света Бројаница. Во рацете на верниците гореа свеќи, додека пламенот од неговиот живот згаснуваше пред очите на светот.
Никогаш и никаде во историјата не е забележано очите на целиот свет да се вперени во еден човек кој страда и умира. Болниот израз на папата Војтила, кој на Велигден остана потполно без глас, станаа светско историско наследство и она што ватиканските хроничари веднаш го нарекоа како негова најискажлива, најсилена енциклика – »енцикллика на страдање«
Битно нет/го*ко