Ќе ја посети ли папата Фрањо Естонија?

Ќе ја посети ли папата Фрањо Естонија?

Нова апостолска посета на папата Фрањо…

Поглаварот на Католичката Црква, Светиот Отец Фрањо, можеби идната година ќе ја посети Естонија, балтичка земја со најмал број католици во цела Европа.

Таа вест на верниците католици во текот на неделната света Литургија им ја соопштил епископот Филипе Јурдан.

Како што пренесува естонскиот портал ERR News, информацијата ја потврдила и гласноговорникот на Католичката црква во Естонија, Марге Пас.

„Апостолскиот нунциј, во текот на неодамнешната посета на Естонија, порача дека 99% е сигурно дека Светиот Отец ќе ја посети Естонија во септември 2018“, рече Пас.

Се работи за надбискупот Педро Лепез Кинтани, кој ја врши должноста нунциј за балтичките земји. Надбискупот Кинтани неодамна престојуваше во Рим каде се сретна со папата Фрањо на кој му ги потврди плановите за апостлската посета.

Естонскиот бискуп Јурдан потврди дека плановите за посетата на Папата на Естонија постојат веќе неколку години, изјавувајќи: „Тоа е сонот кој со години го сонуваме.“

Не е познато дали посетата на Светиот Отец ќе се одвива во склоп на поголемо апостолско патување во другите земји, ниту дали ги вклучува соседните земји Латвија и Литванија, како што во 1993 година направи свети Иван Павле II.

Естонија е една од најнерелигиозните држави на земјината топка.

Според официјалниот попис на населението од 2011 година, дури 54% изјавиле дека не припаѓаат ниту на една религија. Исто така во истражувањето кое во 2010 го објави Евробарометар, само 18% од локалното население изјавило дека „верува дека постои Бог“ додека секое второ лице изразило верување во „дух или во животна сила.“

Се проценува дека моментално во Естонија живеат помалку од шест илјади католици, што ја става на прво место во европските земји со најмал број католици.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот