Јужна Кореја: Католичката црква е најпочитувана во земјата

Католичката црква е најпочитуваната верска заедница, која ужива најголема доверба во Јужна Кореја. Ова се наведува во последното истражување направено од будистичкиот ред Чоге (Чогеџон), кој секоја година преку Институтот за истражување на будизмот и општеството, спроведува истражување на нацијата за религиозното чувство.

Истражувањето во кое учествувале 1.200 лица од повозрасни од 16 години, покажува дека во земјата има пад во довербата кон религиите: од 25% минатата година на 11,8% оваа година.

Црквата ужива 38,9% од вкупната доверба. Веднаш по неа се будистите со 32,8% и протестантските деноминации со 10,2%. Иако христијаните некатолици во земјата се околу 20% од населението, скандалите од сексуална и финансиска природа влијаеле различните протестантски заедници да имаат пад на довербата кон нив од нивните членови.

Според истражувањето, меѓу богопосветените лица свештениците се оние кои уживаат најголема доверба: 51,3% од анкетираните – независно од нивната верска припадност – ги смета за добри луѓе; следат монасите со 38,5% и пасторите со 17%.

Што се однесува до улогата на религијата во општеството 40,4% сметаат дека таа влијае силно, додека 26,7% велат дека таа нема никакво влијание. Најголема вредност Корејците оддаваат на грижата од страна на религиите за слабите и оние кои страдаат.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот