Ѕидот на раздвојување во Кремисан е погубен за христијаните

Сакаат да изградат ѕид на разделување во долината Кремисан, со цел, да се оттуѓи земјата која им припаѓа на палестинските христијани, истакна за агенцијата Фидес, градоначалничката на Витлеем, Вера Бабун, која е католик и во средата на 11 февруари се сретна со Светиот Отец.

Целта на посетата на Рим од страна на градоначалниците на таканаречениот „христијански триаголник“, на подрачјето на Западниот брег на Јордан, беше да ги прикажат на Светиот Престол погубните последици кои би ги предизвикала изградбата на ѕидот на разделување во долината Кремисан по староседелските христијански заедници во градот и на подрачјето каде е роден Исус.

Ѕидот на разделување кој го сака Израел му се заканува на плодното подрачје на долината Кремисан, каде се наоѓаат полињата со лозје и маслинки, во сопственост на 58 христијански семејства од Беит Јале, како и двата салезијански манастири и едно училиште. Во тој дел, истакнаа палестинските градоначалници, ѕидот не е потребен поради сигурност, туку единствена цел му е да ги раздели христијанските семејства од нивната земја, за потоа да можат да им ја одземат и го прошират просторот за нови израелски населби.

Ако земјата во таа долина, која е единствено зелено подрачје на тој простор, биде одземена нема да има повеќе иднина за остатокот на христијани. Густината на населеност ќе се зголеми до степен на неиздржливост, истакна градоначалничката на Витлеем, па така многумина ќе одлучат да го напуштат тој крај, а таквата состојба веќе подолго време ја намалува христијанската присутност во Светата Земја.

Да потсетиме, на крајот, дека подрачјето на долината Кремисан во јануари беше посетено од шеснаесет бискупи, учесници во овогодишната посета на Палестина и Израел, организирана од страна на Координацијата на бискупи за Светата Земја, односно телото што ги опфаќа бискупите и претставниците на бискупските конференции од Европа и Северна Америка. На крајот од посетата, бискупите во едно соопштение го истакнаа своето залагање за спротивставување на изградбата на тој ѕид во таа.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот