Гордоста значи затвореност: Јас самиот на себе сум си доволен, секогаш сум во право, не ми треба никој …
Да се биде понизен значи да се понизиш од љубов како Исус, кој им ги миеше нозете на своите ученици и рече: „А Јас сум меѓу вас како слуга.“ (Лука 22,27).
Можеме да кажеме дека понизноста значи отвореност. Ако сум понизен, прифаќам и совети и приговори; подготвен сум да ги примам од другите. Гордоста значи затвореност: доволен сум на самиот себе, секогаш сум во право, не ми треба никој. Ова важи и за нашиот однос со Бог: колку повеќе сфаќаме дека ние сме ништо и дека сме целосно зависни од Божјата добрина, толку повеќе благодат можеме да примиме!
Нашиот недостаток на понизност честопати не дозволува Бог да нè исполнува како што тој би сакал. Еве што им напиша на своите сестри Кетрин Мектилде де Бар, француска монахиња од 17 век.
„Бог сака само една работа: да нè исполни со себе и со своите милости, но не може да ни се даде кога ќе види дека сме полни со себе, полни со гордост. Душата што не е вкоренета со вистинска понизност е неспособна да ги прима Божјите дарови. Самољубието ги проголтува. Затоа Бог мора да ја остави во нејзината сиромаштија, во темнина и неплодност, во ништо. Толку е важна понизноста“.
Затоа, да се радуваме на сè она што нè прави помали и повеќе понизни, како однадвор, така и однатре, зашто што колку повеќе напредуваме во понизноста, толку сме поотворени за даровите на Духот и толку повеќе сме способни да примаме!
Битно нет/к.мк