Што бараш? Правда или милост?

Што бараш? Правда или милост?

Размислување според Евангелието по Матеј 18,23-35, наменето за Единаесетата недела по Педесетница

Евангелието за Единаесеттата недела по слегувањето на Светиот Дух (Матеј 18, 23-35) ни зборува за параболата за царот кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. Однесувањето на царот е чудна за човечката логика и во исто време многу благородна. На почетокот, царот направи коректно судење: затоа што човекот нема со што да го отплати долгот, нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сè што имаше, за да наплати. Само на овој начин беше можно делумно да го врати долгот, но не и целосно. Разбирилива е молбата на должникот за милост. И тука одеднаш ставот на царот радикално се менува: од правда во милост. Неговата правда е крунисана со милост. И тоа е невообичаено. Не му вели: Не страдај повеќе. Ќе почекам уште малку. Дајте му на должникот уште една шанса да го отплати долгот; туку ми го простува го целиот долг. За сиромашниот слуга, голема милост би била дури и согласност на господарот да чека. Не можеше ни да помисли дека царот целосно ќе го ослободи од долгот. И тука царот ја надминува својата надеж во милост, затоа што потполно се смилува.

Секако, таквата одлука на царот го направи слугата да биде најсреќниот човек. Вообичаено би било да појде дома и да ја сподели големата радост со сопругата, децата, пријателите. Но, очигледно слугата не знаеше да ја цени одлуката на царот. Не беше научен да биде благодарен. Не знаеше да се радува. Не знаеше да го сака својот господар, кој му прости толку голем долг. Каков човек може да биде тој, кога во неговиот најрадосен момент оди да го задави својот должник, па и да му е негов непријател? Оној кој вистински се радува, не го измачува срцето со негативни чувства. И оној што го наполнил своето срце со љубов, не може да поседува омраза. Лукавиот слуга, сепак, штом ја напушти куќата на својот господар и добротвор, во него нема ниту радост, ниту љубов. Го фрла својот другар во затвор, наместо да ја подели со него радоста и љубовта. Но, тој не може да сподели нешто што нема. Затоа, милоста на господарот повторно се смени во правда. Зашто злобниот слуга не можеше да прифати милост, туку ја сакаше правдата. Тој не сакаше милост и таа се повлече од него. Ја бараше правдата, но и самиот ја прими.

И така е со секој од нас. Ако не знаеме да бидеме милосрдни и да им простуваме на нашите браќа, тогаш не можеме и не знаеме ниту да прифатиме милост. И тогаш правдата останува. А кој од нас може да застане пред Божјата праведност?

В.М./к.мк

Категорија: Проповеди

За авторот