Како девојче Каролина доживеала страшна несреќа. Лекарите не давале надеж дека ќе преживее, но е излекувана по застапништвото на мајка Розе Чацка. Оваа млада девојка ги носеше моштите на таа монахиња од Полска по повод нејзиното прогласување за блажена кое се одржа во Варшава на 12 септември 2021 година.
„Би сакала да научам да бидам блиску до луѓето во неволја како мајка Розе Чацка“, плашливо изјави за медиумите осумнаесетгодишната Каролина Гаврич, пренесува Алетеија. Нејзиното чудесно закрепнување пред неколку години, ја направи монахињата од Полска блажена, а свеченоста е одржана во Варшава во недела 12 септември. Покрај неа беатифициран е и кардинал Вишински. Токму Каролина Гаврич оздравена и озарена по тој повод ги донесе моштите на блажената пред илјадниците верници собрани во главниот град на Полска. Сепак нејзината страшна несреќа можеше да има трагичен крај.
На возраст од седум години Каролина ја здробила металната конструкција на лулашката. Помеѓу животот и смртта итно е однесена во болница. Според дијагнозите на лекарите, шансите дека од несреќата ќе излезе жива биле минимални; во најдобар случај детето остатокот од животот би го поминала во вегетативна состојба, веројатно глуво и слепо.
„Госпоѓо, ако сте верник… молете се“
Додека седела пред вратата на операционата сала, мајката на Каролина, Рената сѐ уште не била сосема свесна што се случило. Во тој моменти ѝ пријдува медицинската сестра ѝ и рекла: „Госпоѓо ако сте верник, молете се за да го спасите животот на својата ќерка!“ Рената веднаш се јавила на снаата монахиња фрањевка од Конгрегацијата на Служителките на Крстот која ја основала мајка Чацка (1876-1961). Ги мобилизирала сите сестри кои истата ноќ започнале Деветница повикувајќи го застапништвотот на основачката. Петнаесет дена подоцна состојбата на девојчето започнало да се подобрува на медицински необјаснив начин. На крајот Каролина ја напуштила болницата на нозе, одејќи сама, без ниту една последица од несреќета. За сестрите фрањевки нема сомнеж – девојчето оздравело преку застапништвото на Розе Чацка.
Заштитничка на слепите
Во 2017 година со одобрение на папата Фрањо, Конгрегацијата за кауза за светците ги прогласи со декрет херојските крепости на нејзиниот живот. Розе Чацка на 22 години дознала дека целосно ќе го загуби видот. Идната монахиња сфатила во тој момент дека би можела својот живот да го направи во служба на слепите, пречекувајќи го слепилото како Божја милост. Основачката на Конгрегацијата на сестрите фрањевки Служителки на Крстот постоечкото Брајово писмо го прилагодила на полската фонетика (кое подоцна влегува во сите училишта во земјата). Починала на глас на светоста и станала заштитничка на слепите, но и на „слепите во душата.“
Хкм/к.мк