Човекот со чировите: Кога ме прегрна папата чувствував љубов

Виничио Рива од Виченца, страда од генетско заболување наречено неврофибромитоза, поради што целото тело, а особено на лицето, има големи израстоци. Овој човек ред неколку дена беше во центарот на вниманието кога светот го заобиколија фотофрафии кои го прикажуваат во прегратка на папата Фрањо. Рива раскажува за неговата средба со папата Фрањо:

Најпрво истакна дека беше многу погоден од пристапот на папата Фрањо дури и срцето започна толку силно да му чука, што си помисли дека ќе умре. Прегратката на Папата е како блажнествата, и додаде: „Тој воопшто не се двоумеше дали да ме прегрне или не. Не сум заразен, но тој не го знаеше тоа. Едноставно ме прегрна и ме милуваше, а по начинот на кој тоа тој го правеше, чувствував само љубов.

Рива додава: Слезе од олатарот меѓу болните, ми пријде и ме прегрна без збор. Тогаш почувствував како срцето ќе ми испадне. Молчеше, но понекогаш може да се каже многу повеќе, а при тоа да не се изговори ниту еден збор. Му ја бакнав раката, а тој со другата ја допираше мојата глава и рани. Тогаш ме пристисна кон себе, ме прегрна и ме бакна. Главата ми беше на неговите рамења. Целиот настан можеби траеше околу една минута, но мене ми изгледаше како вечност.

Фотографии од оваа средба го заобиколија светот, и многумина овој настан го споредуваат со свети Фрањо од Асизи кога тој го бакнува лепрозниот човек.

До петанесетата година, Рива е сосема здраво дете, но тогаш настапи болеста која започна да се шири. Денес целото лице му е покриено со болни чиреви, само левиот образ му е искривен, не е болен. Инаку користи велисипед, но при доаѓањето во Ватикан употреби инвалидска количка, бидејќи не може да стои подолго време. Поради својот изглед често пати е предмет на исмејување, па овој гест на Папата, во кој со огромна љубов го прифаќа за него е од голема важност.

Медиумите известуваат дека овој настан со Рива, со своето сведочење и навестување папата Фрањо многумина ги доведува во заедништвото со Црквата. а тоа го подврдуваат и најновите истражувања.

го*ко

Категорија: Свет

За авторот