Чистење на гробиштата во Нова Маала

Поучени  во единство од нашиот владика  Н.В.П д-р Киро Сојанов, Скопски бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, “да бидеме едно” и превземени зборовите од нашиот Господ Исус Христос: каде се двајца или тројца во мое име и јас сум среде нив, во организација на црковните одборници и месната заедница со заеднички сили и со Божја помош во четврток на 20.03.2014 год. се спроведе одлична акција за чистење на гробиштата во Нова Маала. Одзивот на добронамерните луѓе даде уште поголем поттик и во иднина да се организираат такви акции. Голема благодарност искажуваме преку советничката Верица Ичева до одговорните на општина Василево за машината што ни ја испратија за олеснување на работата, како и на сите учесници во акцијата. Господ ќе се оддолжи кон сите. Срдечно ви благодариме.

О. Спасо Ристов

Категорија: Македонија

За авторот