По повод Светскиот ден на Богопсоветениот живот порталот Католици.мк им го честита празникот, посакувајќи им изобилна Божја милост во нивните посланија.
Со одлука од 1997 година на Светиот Отец, папата Иван Павле II. целата Црква на празникот сретение Господово (2 февруари/15 февруари) го слави Светскиот ден на Богопосоветениот живот.
На овој ден посебно внимание се посветува на важноста на луѓето посветени на Бога, без разлика дали се активни или контемплативни монаси и монахињи, или свештеници кои го извршуваат своето посветување и послание во светот или како членови на световни институти.
Од тука на сите свештеници, монахињи, монаси и посветени лаици порталот Католици.мк ви го честита Денот на Богопосветените лица и ви посакува изобилна Божја милост во вашите посланија, посакувајќи го истото и на бискупот Стојанов по повод 23. годишнина од неговото именување за епископ од свети Иван Павле II.
к.мк