Честитка од бискупот Стојанов до новоименуваниот Зрењанински бискуп монсињор Мирко Штефковиќ
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов по повод именувањето на монсињор Мирко Штефковиќ за Зрењанински бискуп, во понеделник 18 март 2024 година упати честитка, посакувајќи му изобилен Божји благослов за апостолската служба која му ја довери Петровиот наследник, папата Фрањо. Кон честитката се придружуваат свештениците, членовите на монашките заедници и целиот Божји народ на Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија.
Во честитката монсињор Стојанов го моли Господ на новименуваниот Зрењанински бискуп да му дарува милости и како Добриот пастир да го води своето стадо – верниот Божји народ – низ предизвиците на времето, да ги живее нивните таги и радости и да ја пази и зачува верата на Црквата.
Честитката епископот Стојанов ја завршува со зборовите: Ревноста за евангелизација на свети Герар и нежноста на Света Мајка Тереза кон оние во најголема потреба нека се застапуваат за Вас кај Господ, за да бдее Тој со Неговите благодати за вашите потреби во оваа одговорна апостолска служба – стои во честитката на епископот Стојанов упатена до монсињор Мирко Штефковиќ, новоименуван Зрењанински бискуп.
к.мк