Честитка за Божиќ до бискупот Стојанов од Претседателот на Собранието, Африм Гаши

Честитка за Божиќ до бискупот Стојанов од Претседателот на Собранието, Африм Гаши

Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши по повод празникот Рождество Христово – Божиќ упати честитка до бискупот Стојанов, која ја пренесуваме во целост.

Почитуван бискуп скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов,

Во духот на најголемиот христијански празник, Божиќ, ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки, како и најискрени желби за здравје, среќа и благосостојба.

Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности и во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во Вашето срце и срцата на сите католички верници во нашата држава.

Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам благодарност за Вашиот придонес кон јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество.

Нека светлината на Божиќ го осветли патот на сите граѓани кон поубава иднина исполнета со разбирање, љубов и заеднички успех.

Среќен Божиќ!

Со почит,

Африм Гаши

 

фото: Собрание.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот