Чекор пред Божиќ – врати го мирот кој ти го земал гревот

Чекор пред Божиќ – врати го мирот кој ти го земал гревот

Повторно да се здобиеш со мир ако сме го загубиле заради гревот, заради гордоста и недостатокот на искреност кон самиот себе и кон Бог е основниот чекор во подготовката на нашето срце за раѓањето на Детето Исус.

Мирот како едно од најголемите добра постојано се спомнува во Стариот Завет. Овој дар му е ветен на израелскиот народ како надомест за неговата верност и е Божјо дело од кое произлегуваат бројни благодати. Вистинскиот мир ќе дојде на земјата со доаѓањето на Месијата. Заради тоа ангелите најавуваат пеејќи: Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја. Божиќниот пост и Божиќ се погодно време во нашите срца да се зголеми мирот и да побараме мир за овој свет полн со конфликти и омраза.

Господ е Кнез на мирот и од моментот на своето раѓање ни ја донесува пораката на мирот и радоста, еден вистински мир и една сигурна радост. Таа порака ќе се разгласи: Мир вам, јас сум!

Господовиот мир во целост го надминува мирот на светот кој може да биде површен, привиден, кој можеби произлегува од себичноста и да е споив со неправдата. Христос е нашиот мир и нашата радост; гревот напротив сее немир и жалост во душата. Мирот на христијаните за апостолат и соживот е внатрешен ред, спознание на сопствената беда и крепостите, почитувањето на другиот и целосна доверба во Господ, кој никогаш нѐ не напушта. Тој мир е плод на понизноста, божественото посвојување и борбата против сопствените страсти кои секогаш имаат тенденција за неред.

Мирот се губи заради гревот, заради гордоста и недостатокот на искреност кон самиот себе и кон Бог. Мирот исто така се губи со нетрпеливоста кога и во несреќите на животот не знаеме да ја препознаеме Божјата провидност.

Искрената Исповед е едно од главните средства кои ни ги дава Бог за одново да го добиеме мирот загубен со гревот и запоставувањето на милостите. Мирот со Бог ни дава да ја следиме правдата и го одалечува од нас гревот; мирот со ближниот е плод на милостите кои ги шири Светиот Дух; мирот со нас самите е мирот на совеста кој произлегува од победата над страстите и над злото. Повторно да се добие мирот ако сме го загубиле е едно до најдобрите примери на милостите кон нашиот ближен, а исто така е основиот чекор во подготовката на нашето срце за раѓањето на Детето Исус.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот