Црквата во „Свм. Ѓеорги“ доби вода
Пролетните денови се можност за уредување на околината во која живееме. Пред извесно време, градоначалникот на општина Василево г-н Ванчо Стојанов донира приклучок кон водоводната мрежа на Црквата „Свм. Ѓеорги“ во с. Чанаклија. Во вторник на 01.04.2014 со помош на црковните одборници водата се приклучи од шахтата во црквата и се исчисти дворот. При крајот, парохот о. Спасо одржа предавање за должностите на верникот кон црквата и кон својата вера. По заедничката дискусија сите се разотидоа. На сите учесници им благодариме!
о. Спасо Ристов
Категорија:
Македонија