Црквата во Австрија во великиот пост им нуди на верниците „СМС на Папата“

Црквата во Австрија во великиот пост им нуди на верниците „СМС на Папата“

Католичката Црква во Австрија на 17 февруари на Чиста Среда започнува акција „СМС на Папата“ во која се до Велика Сабота во текот на 40 дена заинтересираните секојдневно бесплатно ќе примаат СМС со мисли од папата Фрањо, пренесува агенцијата Катпрес.

Станува збор за цитати на папата Фрањо по повод различни случувања изминатите години, а пријавата се врши со порака „PAPST” на бројот 0664/6606651. „Секојдневните поттикнувања на Папата се во центарот на христијанската вера во милосрдниот Бог, истовремено мотивирајќи на позитивен христијански живот, истакна референтот за медиуми на Епископската конференција на Австрија Пол Вуте. СМС пораките се повик до верникот да застане и да стане свесен за она што е важно. Темите се „големи зборови за верата“ како што се Бог, Созданието, љубовта кон ближниот, преобраќањето, помирувањето, молитвата, крстот и животот.

Слична акција за прв пат е организирана во пресрет на посетата на Папата во 2007 година, во Великиот пост 2008 година и после една пауза за секој Велики пост од 2011 година.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот