Родителите на Саманта велат дека не постои ниту еден збор со кој може да се искаже нивната благодарност.
Двегодишната Саманта Савиц од американската држава Масачусетс како и нејзините врсници сака да комуницира со светот околу себе. Меѓутоа девојчето поради глувост не можело да разговара со своите соседи, па често се чувствувало тажно и осамено – пренесува Алетеија.
Нејзините соседи се чувствувале фрустрирани, затоа што не го знаеле знаковниот јазик, не можеле во потполност да се дружат со својата симпатична сосетка. „Нашата ќерка е многу отворена и постојано приоѓа на сите. Постојано е во потрага за оние кои можат да разговараат со неа, односно со оние кои го познаваат знаковниот јазик“, велат нејзините родители.
Соседите во контакт со девојчето евентуално можеле само да се насмејат или весело да им мавнат со рака. И ништо повеќе. „Не можев да разговарам со неа… Сакав да ја прашам како е… Сакавме да се чувствува како член на нашето соседство…“ – велат соседите.
На крајот се договориле целото соседство да се запише на курс за знаковен јазик како би можеле да разговараат со двегодишното девојче. Ангажирале стручњак за знаковен јазик, кој пред пред камерите на ЦБС го сподели своето воодушевување од нивната иницијатива. Тој истакна дека понекогаш родители на глуво дете одбиваат да го научат знаковниот јазик, но во овој случај поради малото девојче цело соседство учествува на курсот.
Родителите на Саманта велат дека не постои ниту еден збор со кој може да се искаже нивната благодарност. Веќе забележале дека нивната ќерка е многу променета. „Требаше само да ја видете нејзината реакција кога им се обративме на знаковен јазик. Првиот збор беше „пријатели“ – рекоа соседите.
Битно нет/к.мк