Потполн опрост за Светскиот ден на бабите и дедовците

Потполн опрост за Светскиот ден на бабите и дедовците

По повод Светскиот ден на бабите, дедовците и старите лица, кој се одбележува на 24 јули, Апостолската покорничарница соопшти дека на тој ден ќе може да се добие потполн опрост.

Прифаќајќи ја молбата на кардиналот Кевин Џозеф Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, Апостолската покорничарница издаде декрет на 30 мај 2022 година во кој се наведува дека на Вториот светски ден на баби и дедовци ќе биде можно да се добие потполн опрост според вообичаените услови (Света тајна исповед, света Причест и молитва по накана на Папата). Вториот светски ден на бабите и дедовците ќе го предводи папата Фрањо во базиликата Свети Петар, а ќе се одбележува и на други места низ целиот свет. Потполн опрост може да се моли и за душите во чистилиштето.

Потполн опрост, се вели во соопштението, може да добијат и оние кои посебно време ќе посветат за посета на постарите браќа и сестти кои имаат потреба или тешкотии (како што се болни, напуштени и лица со инвалидитет) – во живо или виртуелно, преку медиумите.

Понатаму, потполн опрост може да добијат болните стари лица, како и сите оние кои поради сериозни причини се спречени да излезат од дома и кои духовно ќе се приклучат на светите славења на Светскиот ден на бабите и дедовците и старите лица, принесувајќи ги своите молитвите, сопствените болки и страдања до милосрдниот Бог, посебно додека се пренесуваат зборовите на Папата и другите славења преку медиумите.

Декретот завршува со молба свештениците, подготвени и со великодушен дух да бидат на располагање за Светата тајна исповед.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот