Царице небесна: Апел за заробениците во Сирија

На крајот од светата Литургија со младите на ватиканскиот плоштад папата Фрањо ја предводеше молитвата Царице небесна. Посебно се осврна на верниците заробени во Сирија и другите делови во светот, упатувајќи апел за нивно ослободување.

По маријанската молитва, Светиот Отец во папамобилот се упати кон верниците поздравувајќи ги верниците. Според информациите од Канцеларијата за печат на Светиот Престол на плоштадот Свети Петар присуствувале околу 100 илјади собрани луѓе.

Радосно и гласно сведоштво – така Папата го нарече Јубилејот на младите и децата кои од цела Италија и пошироко дојдоа за да ги споделат моментите на вера и братска взаемност.

Потсетувајќи на ситурацијата во Блискиот Исток и на луѓето кои страдаат заради војната и насилството рече: „Секогаш во мене е живата загриженост за браќата епископи, свештеници и луѓето со посветен живот, католици и православни одамна заробени во Сирија. Нека милосрдниот Бог ги допре срцата на киднаперите и им даде што побрзо слобода на нашите браќа за да можат да се вратат во своите заедници. Заради тоа ги повикувам сите да молат, не заборавајќи ги другите киднапирани луѓе во светот.“

Папата потсети на беатификацијата во Бургос на 5 маченици убиени заради верата во текот на шпанската граѓанска војна. „Да го фалиме Господ за тие негови храбри сведоци и преку нивното застапништво да молиме да го ослободи светот од секој вид насилство.“

На крајот уште еднаш се обрати на младите и децата: „Го прославивте Јубилејот: сега се враќате дома со радоста на својот христијански идентитет. Исправени, дигнете ги главите со својата лична карта во рацете и во срцето! Нека Господ ве следи.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот