Христијаните се повикани да бидат гласници на надежта

Христијаните се повикани да бидат гласници на надежта

Папата Фрањо беше во пасторална посета на италијанскиот град Молфета за да одаде почит на дон Тонино Бело, по повод 25 годишнината од неговата смрт. Дон Тонино Бело е познат како „пастир на милосрдието и „епископ на последните.“

Служејќи света Литургија Папата го истакна примерот на дон Тонино како вистински Исусов сведок кој оди во светот донесувајќи ја евангелската порака на надеж и милосрдие. Појдовна точка на неговата проповед беа литургиските читања, фокусирајќи се на два централни елементи од христијанскиот живот: Лебот и Словото.

Истакнувајќи дека лебот е клучната храна за животот и дека Исус во Евангелието ни се нуди како Леб на животот, Папата рече дека Евхаристијата не е само прекрасен обред, туку заедништво на љубовта која го повикува секој христијанин да биде окрепен со Господ за да се дарува на другите. Потсетувајќи на зборовите на дон Тонино Бело, Светиот Отец рече дека делата на љубовта не се доволни ако недостасува љубовта на делата, ако недостасува љубовта во која се раѓаат делата, ако недостасува појдовната точка која е евхаристијата, секој пасторален ангажман ќе завршува како вртолог на нешта.

Папата Фрањо рече дека да се живее за другите е „заштитниот знак“ на христијаните, додавајќи дека пред секоја црква би можело да се постави предупредување: По светата Литургија никој повеќе не живее за себе, туку за другите. Дон Тонино живеел на тој начин – продолжи Папата – меѓу својот народ бил епископ – служител. Напомена дека дон Тонино сонувал за Црква која е гладна за Исус и нетолератна кон световноста; Црква која го гледа телото Христово во неудобните светохрнилишта на јадот, стрдањето и осаменоста.

Светиот Отец предупреди дека Евхаристијата не трпи седење и ги повика верниците да се запрашаат: Дали им е помило на трпезата да ги послужува Господ или да станат и да служат како Господ? Го враќаат ли во животот тоа што го примат на светата Литургија? А како Црква можеме да се запрашаме: после толку причести, дали станавме луѓе на заедништвото? – рече Папата и продолжи: Лебот на животот исто така е Леб на мирот и како што дон Тонино сметал, мирот доаѓа со соживотот, во заедничкото јадење на лебот со другите, затоа што конфликтите и војната се вкоренети во непознавањето на другиот. Ние кои имаме удел во лебот на единството и мирот повикани сме да го љубиме секое лице, да ја излекуваме секоја рана, секогаш и насекаде да бидеме градители на мирот – рече Светиот Отец.

Свртувајќи го своето внимание на темата „Слово“, папата Фрањо рече дека ништо не може да се стекне само со расправа за Исусовите зборови. Исусовото Слово – продолжи Папата – е да се оди во животот, а не да се седи и разговара за тоа што доаѓа, а што не доаѓа. Дон Тонино го поттикна својот народ да премине од зборови на дела, поттикнувајќи и поддржувајќи ги оние кои немале храброст да се променат – рече Светиот Отец.

Размислувајќи за првото читање во кое Воскреснатиот Исус му се обраќа на Савле и од него бара својот живот да го стави на коцка говорејќи му: „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ (Дела 9, 6) Папата рече дека првата рабта која треба да ја избегнуваме е „да не станeме“, односно да подлегнеш на животот, да бидеш зафатен од страв. Потсети дека дон Тонино сакал да зборува „стани“ затоа што мораме да стоиме пред Воскреснатиот: мораме да станеме и да го свртиме погледот кон горе затоа што Исусовиот апостол не може да се провлекува низ животот живеејќи со мали задоволства.

Господ од секој од нас бара да оди напред, да има храброст да ја напушти својата идина и да ризикува – рече Светиот Отец и додаде: Христијанскиот живот мора да се вложи за Исус и да се потроши за другите. Како што дон Тонино имал обичај да збoрува: Без разлика во која ситуација ќе се најдеме повикани сме да бидеме носители на воскресната надеж, служители на светот, а не вработени. Убаво е да бидеш гласник на надежта, едноставни и радосни делители на воскресната Алилуја – рече папата Фрањо.

На крајот, Папата ги повика присутните да бидат понизни затоа што понизноста не значи да се биде срамежлив или безволен, туку тоа значи да се биде послушен на Бог и да се облагородиш „самиот себе“. А еднаш кога ќе се лишиме од дрскоста и горделивоста, Словото Божјо нè ослободува, ни овозможува да одиме напред, понизно и храбро, и нè прави вистински Исусови сведоци во светот – рече папата Фрањо и заврши: Драги браќа и сестри, на секоја света Литургија да се окрепуваме со Лебот на Животот и спасителното Слово: да го живееме тоа штo го славиме! И така како дон Тонино ќе бидеме извори на надежта, радоста и мирот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот