Асизи по повод IV Светски ден на молитва за грижа за создаденото ќе прими христијани од целиот свет и во таа прилика прв пат ќе биде одржана екуменска молитва за заштита и зачувување на создаденото.
Во разговор за Ватикан њуз Сесилија Дал’Оглио директор на еврпската програма на Католичкото светско движење за клима ја претстави манифестацијата „Време на создаденото“ која на светско ниво ќе се одржи од 1 септември до 4 октомври односно од Светскиот ден на молитва за грижа за создаденото до празникот на свети Фрањо Асишки – заштитникот на еколозите. Учесниците на манифестацијата „Време на создаденото“ ќе присуствуваат на екуменската молитва за заштита и зачувување на создаденото во Асизи на 1 септември.
Молитва за „заедничкиот дом“
Сесилија Дал’Оглио изјави дека оваа манифестација првенствено се карактеризира со желбата за длабоко заедништво и заедничка молитва. Првата етапа на оваа молитвена средба ќе биде во светло на размислувањето за „потребата од заедничко преобраќање на подрчајето на екологијата“ со цел испраќање на силна порака за да се поттикнат сите, а првенствено христијаните на зачувување на животната средина, нашиот „заеднички дом.“
Обединети во одбрана создаденото
„Времето на создаденото“ е манифестација која се одржува на светско ниво, а цел е преку молитва и разни акции да се подигне свеста за потребата од заштита и зачувување на животната средина. „Веруваме дека грижата за создаденото не смее да се одложува во никоја смисла, туку треба да ги повикаме сите на делување“, изјави Сесилија Дал’Оглио.
Католичкото движење за климата здружува 650 католички организации од целиот свет кои настојуваат на дело да ја спроведат енцикликата на Папата „Laudato si“. За да се нагласи потребата од единствен одговор на христијаните на еколошката криза во Асизи на 1 септември ќе биде објавена екуменска декаларација која посебен акцент ќе стави на најранливите.
Ватикан њуз/к.мк