Христијаните обединети во градењето на мирот

Христијаните обединети во градењето на мирот

Папата Фрањо за 101 Ден на германските католици: Клучно средство за постигнување на мирот е „нашето христијанско определување во семејството, во нашите училишта и во воспитните институции, но пред сѐ во политиката.“

Денот на германските католици, т.н. Katholikentag се одржува во Минстер во Германија од 9 до 13 мај. „Барање на мирот“ е мотото на тој конгрес и токму од аспект на мирот треба да се сфати пораката на Папата.

Најважното прашање во јавната расправа за верата е „проблемот на фанатизмот и склоноста кон насилство“ затоа што човекот не се смета за дар Божји таму владее „несогласување, лутина и омраза“ – рече Светиот Отец и лично искажа загриженост за децата и младите кои се присилени да побегнат заради конфликт, и тропаат на „нашата врата“ и бараат да ги прифатиме. Во нивните очи го гледаме копнежот за мир.

Денот на католиците (Katholikentag) кој се одржува во Минстер учи на патот на мирот за нашата иднина и за нашиот живот – рече папата Фрањо и потсети: Токму во тој германски град пред 370 години, односно во 1648 година е потпишан еден мировен договор, т.н. Вестфалиски мировен договор, со кој прекинала 30 годишната уништувачка војна. Договорено е дека мора да престане военото злосторство кое човекот го направил злоупотребувајќи го исто така името на верата.

Во центарот на пораката на Папата пред сѐ е важноста за ангажираноста на христијаните. Мирот имено расте и кога христијаните од различни вероисповеди јавно се покажуваат обединети во сведочењето на Христос и кога заеднички се ангажираат во општеството. Навистина, Христос е „нашиот мир“. Меѓутоа мирот бара посветеност на сите луѓе со добра волја од различните религии; сите можат да бидат „скапоцени камења“ и „гласници на мирот.“ Во секое дете, во било која земја да е родено се наоѓа Христос кој нѐ гледа, Христос кој дојде во нашиот свет како беспомошно дете. Децата се иднината! – истакна Светиот Отец.

Темелот на трајниот мир е рамноправно учество на сите во благосостојбата на општеството – рече потоа Папата – и во таа смисла помошта на Црквата, здруженијата и на многу парохии е скапоцен придонес. Мирот меѓутоа започнува и со изборот на зборовите кои мора да бидат добри, доверливи и вистинољубиви. Во служба на мирот се и „зборовите на нашите молитви“ – рече папата Фрањо и на крајот изрази надеж дека деновите на Денот на католиците ќе биде големо славење на верата и недалеку претпознатлив знак на мирот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот