Христијанинот треба во сите околности да го избира Бог
Треба да имаме храброст да го избереме Бог и доброто во сите животни околноси, и да не бидеме следбеници на други богови кои ништо не можат да ни дадат, рече папа Фрањо на светата Литургија во четвртокот.
Христијанинот треба во секоја животна околност да го избере Бог, а не да се препушти да го заведат обичаите и ситуациите кои нѐ носат далеку од Бог – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 19 февруари во капелата на домот Света Марта.
Треба секогаш да го избираме Бог и доброто, ако не сакаш да бидеш „пропалица“ на успехот – народот го слави но, на крајот не е ништо друго освен љубител на „безвредни работи“. Папата понатаму во проповедта го коментираше библискиот дел во кој Бог му зборува на Мојсеј: „Еве денес пред тебе ставам живот и добро, смрт и зло. Поради тоа ти заповедувам да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по патиштата Негови.“
Изборот на Мојсеј треба да биде избор на секој христијанин. Тој е тежок избор. Лесно е да живееш препуштајќи се на инерцијата на животот, ситуациите и обичаите. Лесно е на крајот да им служиш на „други богови“ – рече Папата.
Треба да избираш помеѓу Бог и другите богови, кои не можат да ни дадат ништо освен минливи работи. А не е лесно да избереш, бидејќи сме навикнати да одиме како и сите други луѓе. А Црквата денес вели: Застани и одбери! Овој е добар совет. За нас би било добро денес малку да размислуваме за својот живот и за патиштата во животот – советуваше Светиот Отец, додавајќи:
Размислувајќи треба да влеземе во сопствената внатрешност и да се запрашаме за својот однос со Бог, со Исус, со родителите, браќата, жената или мажот и децата – поттикна Папата и се осврна на литургиското Евангелие во кое Исус на апостолите им вели дека човекот нема никаква корист „ако го придобие целиот свет, а се погуби или си направи зло?“ – потсети папата Фрањо.
Погрешно е секогаш да бараш сопствен успех, материјални добра, не мислејќи никогаш на Бог и семејството; не размислувајќи за квалитетот на сопствениот однос со Бог и со семејството. Некој може да придоби сè, но на крајот може да биде пропалица, да има упропастен живот, бидејќи не знаел да избира добро помеѓу животот и смртта – рече Папата.
Да се запрашаме – продолжи Папата – која е „брзината на мојот живот, размислувам ли за тоа што го правам?“ Да молиме од Бог милост за да имаме барем малку од потребната храброст за да Го избереме Него во животот. Во тоа ќе ни помогне убавиот совет од првиот псалм: „Блажен е оној човек кој се надева во Господ!“ Кога Господ ни советува: Застани! Избери денес – не нè остава сами, со нас е и сака да ни помогне – рече Папата додавајќи:
Единствено треба да имаме доверба во Него: Блажен е човекот кој се надева во Господ! Денес, во моментот кога застануваме да размислиме за тоа и да се одлучиме да знаеме дека Господ е со нас, со нас е за да ни помогне. Никогаш на патот не нè остава сами, Он е секогаш со нас, со нас е кога одлучуваме – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.