Хеловен или Ноќ на вештерките – комерцијализирано паганство: КАЖИ НЕ!
Хеловен денеска се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, не само во Соединетите Американски Држави, туку и на стариот континент, како и во целиот свет. Се наметнува како сериозен ривал на католичкиот празник Сите Светии и Задушница. Поради улогата која во него ја играат вештерките, сеедно што и да се подразбира под тоа име, наречен е и „Ноќ на вештерките“.
- Комерцијализирано паганство
Во маркетиншка смисла Хеловен стана профитабилна работа на глобално распространетата индустрија на забава. Како што своевремено воочил американскиот магазин ’Advertising Age’, Хеловен е работа „доволно успешна од која и Дедо Божиќ да се престраши“. Меѓу возрасните Хеловен стана трет најпопуларно забавно случување, после Суперболот и дочекот на Нова Година. Затоа не изненадува што Хеловен или „Ноќ на вештерките“, е истовремено и Меѓународен ден на магијата и, како таков, е славен од бројни магионичари и нивни симпатизери по целиот свет.
2. Поим
Хеловен е кованица од англосаксонскиот свет изведена од католичкиот празник Сите Светии, латински: Dies festum in omnium sanctorum, англиски All Hallow’s Day (All = сите; Hallow = светец; Day = ден). Вечерта спроти Сите Светии, значи 31 октомври била позната како „Вечер на Сите свети“, англиски All Hallow’s Evening од што, со скратување се појавил поимот Halloween. Хеловен како ноќ спроти Сите Светии, нема ништо заедничко со Ноќта на вештерките, освен што паѓа на ист датум кога и паганскиот келтски празник Самхаин кој го одбележуваат и современите пагани, или неопагани кон чиј род припаѓаат и вештерките.
3. Историјата на Хеловен
Хеловен е празник превземен од келтското паганство. Келти (лат. Celtae, Гали; kéltoi на келтски: „таен“) биле група на индоевропски пагански народи населени кон крајот на вториот и почетокот на првиот милениум пред Христос на пространите подрачја северно од Марна. Биле политеисти и верувале во повеќе стотини божанства меѓу кои посебно место заземала планетата земја. Се раководеле според лунарно – соларниот календар во кој Сонцето и Месецот играле специфична улога. Особено Месецот (женски род), кој го сметале за господарка на плодноста на Земјата и жената, и ја славеле со четири големи годишни сабати, како следи: Samhain (од 31 октомври до 2 ноември), Imbolc (1 февруари), Beltane (1 мај), Lughnasadh (1 август). Хеловен се развил од спомнатиот келтски празник Samhain (етимол. „крај на летото“; од: sam = „крај“ + hain = лето) а претставувал славење на крајот на летото и почетокот на зимата, завршувањето и почетокот на Новата година. Келтите започнувале да го слават навечер на 31 октомври, а завршувале со заоѓањето на сонцето на 2 ноември, опфаќајќи ги така три последователни ноќи. Друидите (келтските свештеници) одредиле во тие три ноќи во годината редот и општествените правила да се укинат, па така три ноќи по ред под маски можело да владее хаосот (друидски карневал), а народот можел во недоглед колективно да лудува, да се опијанува, да прави магии, да прават оргии.
На Самхаин, меѓу другите пагански обичаи, се принесувале животински и човечки жртви и се почитувале духовите на предците (фестивал на мртвите), бидејќи сметале дека таа ноќ била во состојба да ја растенчи, ако не и сосема да ја отклони врската помеѓу светот на живите и светот на покојните, овозможувајќи така меѓусебна комуникација на овие две света. Колку бил поголем бројот на принесените жртви, верувале, дека ќе биде поплодна годината.
Семето, пред полагањето во земјата, го натопувале во крвта на човечките жртви, како би ја стимулирале духовите вегетацијата (анимизам), за подобар род. Ехото од овие морничави сцени на Самхаин допрел и до Хеловен кој го прати сликата за „фолклор на стравот“, особено благодарение на Холивудската продукција
4. Погански обичај препознатлив во Хеловен
Фолклорните обичаи на Хеловен се поврзани со неговото поганско потекло. Маскирање со кожи на убиени животни и носење на нивните глави имале за цел заплашување на злите души кои на Хеловен лутале на земјата и им пакостеле на живите, од нив се „сокривале“ под костимите, но костимите се носеле и за да се стекнат карактеристиките на убиените животни (сила, брзина, лукавост…) Обичајот Trick or treat (станува збор за деца во Америка кои во предвечерието на празникот Сите светии, собирале колачи по куќите) има за цел за да се смилуваат душите на покојните и да не и пакостат на живите. Овошјето и јатчестите плодови изгледа се исто така поврзани со римската жртвена гозба Помоне.
Во центарот на американската традиција за Хеловин се наоѓа The Jack o’lantern („Jack od lanterni“), издлабена тиква осветлена со свеќа во средината. Според некои историчари, обичајот потекнува од самите Келти (Келта), кои издлабувале јаболка и зеленчук (обично репка) за во нив да сместат свеќа, додека според други мислења потекнува од череп на вештерка со свеќа во средина, која го осветлува патот до вештерките. Како и да е, тиквите во Хеловен се преселија значително доцна, со откривањето на Америка.
5. Хелувин Во Америка
Погодени од големи кризи (1840 – 1844) емигрантите од келтските земји, посебно од Ирска и Шкотска во кои Хеловин се славел многу повеќе од сите други келтски народи, пристигнале масовно во Америка и успеале не само да ја зачуваат традицијата на славење на Хеловин, туку и да ја прошират и на останатите народи, и покрај големите религиски, морални и материјални бариери.
После Втората светска војна Хеловин во Америка постигнал огромен успех. Денес сите американци се вклучени во одбележувањето на Хеловин. Модата на хеловин се проширила на целиот Америкаснки континент, поминала преку Атлантикот, ја освоила Европа сѐ до Африка. Се проширала на другиот брег на Пацификот и ја зафатила Јапонија, Кореја, Филипините, Австралија, Нов Зеланд, дури и конзервативна Кина и Индија.
Зад неговото ексклузивно ширење стои голем економски интерес, додека истовремено неговата пацифичка инвазија е критизирана посебно од страна на антиглобалистички општества, морални и верски организации.
6. Ставот на Црквата
(Нео)поганство е денес признаена религија со граѓанските закони на поединечни земји рамноправна со сите останати, во Америка најбрзо (?) растечка религијата со преку милион членови. Нејзините идеи агресиво продираат низ различни романи, стрипови, филмови и фолклорни празници, меѓу кои спаѓа и Хеловин. Паганството категорично ја отфрла христијанската наука за источниот и посебниот грев, науката за спасението преку Исус Христос и христијанската наука за задгробен живот, а промовира реинкарнација и магиска пракса. Паганството е опасно посебно поради тоа што тежнее за симбиоза со христијанството претставувајќи магиска пракса во христијанска облека (христијанопаганизам) тивко отстранувајќи ја границата меѓу христијанството и паганство за кое нешто придонесува и хеловин.
Католичката црква ја почитува слободата совест на секој човек и неговото неотуѓиво право на слобода на вероисповед, од кое што не е исклучено ниту паганствато, било старо или ново. Но христијанското достоинство на детето Божјо не дозолува да се види на одбележување на паганско славење како што е хеловин. На тој датум христијанинот нема повторно да се даде под “јаремот на ропството“ (Гал 5,1) туку христијанското живеење меѓу паганите ќе биде примерно (сп 1 Пт 2,12).
Посакувам таа ноќ на вештерките (хеловин) да се преобрази во ноќ на светците. Или барем тие денови повеќе да размислуваме за смислата и поминувањето на животот, да молиме за душите во Чистилиштето, и да го откриваме животот на светците чии што „пример е особено потребен на младите изложени на заведувањето на злото, кои демнат над нивните млади души“ (
Кажи НЕ на хеловин, затоа што:
-ја брише границата меѓу христијанин и поганин;
– побудува интерес за окултно;
– магиските и окултните техниките ги претставува безопасни;
– е најсветол ден на вештерките и други окултисти;
– окултистите и и вештерките ги користи за пополуризирање на своите ремек-дела;
– на спиритуалистите им е посебен ден за повикување на духови;
– во минатото најчесто на овој ден се принесувале човечки жртви;
– сатанистите веруваат дека тој е единствен ден во годината на кој можат да ја повикуваат сатаната;
– негира постоење на грев, потребата за Спасител, и промовира со христијанството неспоива наука за реинкарнација.
– Не постои ниту една активност или симбол на хеловин кој не би имал врска со паганство;
Извор: Битно нет/Превод: Д.И.