Фрањевскиот провинцијал: Училиштето на свети Фрањо поучува за Евангелието на мирот

Фрањевскиот провинцијал: Училиштето на свети Фрањо поучува за Евангелието на мирот

Провинцијалниот министер на Малите браќа од Умбрија и Сардинија го пречека Папата на плоштадот „Света Марија на Ангелите“. Тој го опиша Асизи како „благословена земја“ каде што младите споделуваат „вера, надеж и братство“, барајќи начини активно да се вклучат, наместо да останат само гледачи.

Папата Лав XIV во четврток, 6 августв 2026 година беше пречекан во Асизи од отец Марко Вијанели, провинцијален министер на Малите браќа од Умбрија и Сардинија. Пречекот се одржа на почетокот од средбата на Папата со младите на плоштадот „Света Марија на Ангелите“, пред базиликата во која се наоѓа Порцијункулата.

Фрањевскиот фратар ја опиша Порцијункулата како „мало и свето место“, многу сакано од Сиромашниот од Асизи. Според него, ова место го изразува срцето на „благословената земја каде што Евангелието продолжува да одѕвонува во едноставност, братство и мир“.

Младите како активни учесници, а не пасивни гледачи

Одбележувајќи ја 800-годишнината од смртта на свети Фрањо Асишки, кој на ова место, на 3 октомври 1226 година, ја пречекал „сестрата Смрт“, отец Вијанели особено се осврна на фрањевската младинска средба „Оди!“ 2026, која завршува денес.

„Илјадници млади луѓе од цела Европа се собраа околу Порцијункулата за да споделат патување на вера, надеж и братство“, рече тој.

Според фрањевскиот провинцијал, присуството на младите во Асизи покажува желба да не останат само пасивни гледачи на времето во кое живеат, туку да станат активни учесници во градењето на свет вдаховен од Евангелието.

Веродостојни сведоци на Евангелието

На крајот, отец Марко Вијанели уште еднаш му се заблагодари на Римскиот епископ за неговото присуство во Асизи.

Тој го опиша ова присуство како знак на „охрабрување и поддршка“ за сите што сакаат да станат веродостојни сведоци на Евангелието.

Средбата во Асизи, рече тој, е потсетување дека училиштето на свети Фрањо и денес ги учи младите на Евангелието на мирот, едноставноста, братството и одговорноста за светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот