Франческо Тоти: Голем почитувач на Богородица

Франческо Тоти: Голем почитувач на Богородица

Својата католичка вера Тоти ја должи на верата во својот дом, но и со поврзаноста со својот парох Алд кој многу влијаел врз него.

Легендарниот играч на фудбалскиот клуб Рома, Франческо Тоти кој неодамна се прости од професионалната кариера е практичен католик и голем почитувач на Богородица, пишува италијанското издание Алетеа, коментирајќи го прошталниот натпревар на тој голем играч.

Својата католичка вера Тоти, пишува понатаму страницата, ја должи на верата во својот дом, но и на својот парох Алд кој многу влијаел на него.

Токму парохот своевремено го водел малиот Франческо во Ватикан на аудиенција кај свети Иван Павле II. Тоти подоцна зборувал за таа средба што му се случила кога имал 7 години и која му останала во сеќавање.

„Папата помина покрај нас, нагло застана и ме помилува по образот. Бев под силна импресија, посебно од неговиот топол поглед и енергија која зрачеше од него. Ширеше мир и спокој околу себе. Го сретнував и подоцна и секогаш бев под истиот впечаток на тој поглед и силата на неговиот дух“, раскажува фудбалерот.

На Тоти исто толку силен впечаток му оставил и папата Фрањо.

„Покрај одговорностите кои ги има, се чини како да е еден од нас. Постојат такви луѓе кои сакаат светот да биде подобар. Затоа овој Папа целосно ја заслужува нашата доверба“, порачува Тоти.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот