Франкфуртер Алгемајне објави интервју со почесниот папа Бенедикт XVI

Во тој период да имаше доволно сила, би наредил само една работа: да го нарекуваат „отец Бенедикт“. Тоа го посакуваше почесниот Папа во времето на повлекување – е една од најзначајните и медиумски најследена изјава од објавеното интервју во неделното издание на германскиот весник Франкфуртер Алгемајне.

Во тој период бев „премногу слаб и уморен“, му изјавил Бенедикт XVI на германскиот новинар Јирген Бремер, со дозвола да се објави тоа во весниците затоа што – како што рекол – „можеби може да биде од корист“.

Бенедикт XVI потврди дека е во „одлични односи“ со папата Фрањо: „Се обидувам колку е можно да бидам потивок и на верниците им е јасно кој е сега Папа – нагласи Бенедикт и разговорот го заврши со размислувањето за Божиќ и за Светата Земја, родното место на Исус, Бог и човек: „Таа е димензија на земјата е важна за човечката вера“.

Бенедикт, после разговорот, на новинарот му покажа медали и спомени од неговиот понтификат и му рече: „Ако сакате, можете да ги задржите, но само под услов со тоа да не се шири култот на личноста“, се пошегува почесниот Папа со германски хумор пред да се повлече во тишина.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот