Во Париз манифестација за верската слобода
Париз, 12.4.2013 /к.мк/ – Во центарот на Париз ќе се одржи флеш моб (flash mob) за верска слобода во светот. Ова е еден од начините да се покаже на светот дека денес секој втор граѓанин живее во земја каде што религиозната слобода не се почитува и повеќе од 200 милиони христијани живеат во ограничувања или со попречување на слободното изразување на верата. На 12 април повеќе од 300 млади ќе се состанат за да ја одржат оваа меѓународна манифестација пред катедралата Нотр Дам, организирана од страна на француската секција на фондацијата со Папско право „Помош за Црквата во неволја“. Ова ќе биде една обична, но впечатлива кореографија – се вели во соопштението испратено до агенцијата Фидес. Младите ќе ја изразат желбата за заштита на верската слобода во светот. „Flash mob“ претходи на „Ноќ на сведоците“, молитвена иницијатива, која што се реализира веќе по петти пат и поради која видни лица и епископи од целиот свет доаѓаат во Париз, со цел, да ги споделат своите искуства во Евхаристијата и учествуваат во молитвеното бдеење на 12 април од 20,00 часот. Учество пријавиле претставници од Нигерија, Сирија, Куба и Лаос. Ќе присуствуваат кардиналот Џон Онаиекан, архиепископ на Абужа, монсињор Инас Јозеф Трети Јунан, Патријархот на Сиро-католичката Црква од Сирија, епископ Грегорио Елиас Табе, архиепископ на Дамаск, монсињор Артуро Гонзалес Амадор, епископ на Света Клара во Куба и сестра Бонми, монахиња вработена во Каритас Лаос.