Во Струмица Филмска вечер со Падре Пио
Во рамките на парохиските активности на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во петок 20 декември со почеток во 19.00 часот во парохиската сала ќе се одржи Филмска вечер, на која ќе биде претставен филмот Падре Пио. Филмот е во режија на Карло Карлеи, а главната улога го толкува Серџо Кастелито.
Сиромашното момче Франческо уште како дете има видение на Исус и Богородица, но ѓаволот премногу често го посетува. Сосема е јасно дека Франческо еден ден ќе стане свештеник. По влегувањето во монашката заедница, каде што го зема монашкото име Пио (Падре Пио) добива моќ, која не може да се објасни рационално: лекува болни, ги знае имињата, проблемите на потполно непознати лица… Тој исто така пророкува дека, тогаш непознатиот Карло Војтила ќе стане Папа.
Во 1918 година на неговите раце и нозе се појавуваат раните Христови – стигми.
Многумина го сметаат за измамник и е отфрлен. Кратко пред неговата смрт во 1968 година, посебниот визитатор од Ватикан, во Падре Пио препознава жив светец.
Филмската вечер е иницијатива на млади од парохијата.
го*ко