Украина: Апел на поглаварот на Источно – католичката Црква во Украина
Драмата која ја доживува Украина „поради воената агресија е драма за сите народи, верници и неверници и за сите социјални групи“. Тоа го изјави архиепископот на Киев и поглавар на Источно – католичката Црква во Украина монсињор Светослав Шевчук, во долгата порака до католичките бискупски конференции, верските водачи и политичари во светот и луѓето со добра волја. Шевчук потсетува дека како последица на конфликтот „згради, цркви и манастири на сите етнички и религиозни групи се сериозно погодени или уништени“. „Свештениците од сите конфесии во регионите на Донецк, Луганск и Крим поднесуваат страдања, а некои дури го ризикуваат својот живот“.
„Украина има потреба од вистинска поддршка на меѓународната католичка и христијанска заедница и сите луѓе со добра волја“, завршува апелот на монсињор Шевчук. „Потребна ни е вашата молитва, вашата разборитост, добрите зборови и ефикасните дејства. Тишината и неактивноста може да доведе само до нова трагедија“.
РВ/В.Н.