Папата Фрањо ги укина санкциите против славниот поет, свештеник и министер за култура Ернесто Карденал, претставник на теологијата на ослободување, потврди Апостолската нунцијатура во Манагва, главниот град на Никарагва.
Со тоа папата Фрањо одговори на молбата од Карденал за повторно прифаќање во свештеничката служба, стои во писмото на апостолскиот нунциј Валдемар Сомертаг, објавено на интернет, а пренесува Ватикан њуз. Карденал (94) веќе две седмици се наоѓа на лекување во болница заради воспаление на бубрезите.
Апостолскиот нунциј Сомертаг го посети свештеникот и поет на 2 февруари 2019 година во неговиот дом и тогаш Карденал му ја искажал својата молба. Нунциот повторно го посетил пред неколку дена и му ја соопштил одлуката на Папата и со него служеше света Литурија во болничката соба, прва за него после 35 години санкции. Неколку дена пред тоа Карденал во болницата беше посетен и од помошниот епископ на Манагва, Силвио Баез.
Карденал припаѓа меѓу основачите на теологијата на ослободување (најпознати претставници се браќата Леонардо и Клодовис Боф, салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро, бразилскиот бискуп Дом Хеледер Камара) и во стремежот за промена на општествено – политичките состојби во Латинска Америка и постигнување на праведност за сиромашните и обесправените ги поддржал револуционерите против диктатурата и полтички се ангажирал. Светиот папа Иван Павле II во 1985 година му забранува д аја извршува свештеничката служба. Карденал ги почитувал сите мерки од санкциите, а престанал да се занимава и со политика, разочаран од санданистичката револуција и диктаторските системи на латиноамериканските револуционери.
Покрај свештеничкиот и политичкиот ангажман Карденал е светски признат поет, добитник на бројни награди и почесни докторати, а во 2005 година е предложен и за Нобелова награда за литература.
к.мк