Узбекистан: Католичката заедница на патот кон Воскресението

Узбекистан: Католичката заедница на патот кон Воскресението

Молитвата и делотврната љубов се клучните зборови кои го опфаќаат духот со кој католиците во Узбекистан го живеат периодот на Великиот пост – рече апостолскиот управител во Узбекистан, о Јержи Макулевич кој припаѓа на редот на Фрањевците конвентуалци.

Со Пепелница го започнавме Великиот пост, период на милости кој го подготвува нашето срце за прифаќањето на Воскреснатиот Христос. Го правиме најдоброто што го можеме за да ја вклучиме целата заедница на верници: на пример о. Пиотр Кава, еден мој собрат, ја посетува секоја од петте парохии во Узбекистан – рече апостолскиот управител, а пренесе агенцијата Фидес.

За време на тие средби се одржуваат духовни вежби и постои можност за примање на светата Тајна Помирување – рече о. Макулевич и продолжи: Освен тоа, секој петок во градот Ташкент се моли побожноста Крстен пат: го проживеваме болниот Христов пат кон Голгота со моменти за медитација која за секоја недела ги подготвува различна група верници. Крстниот пат го молиме исто така во недела по евхаристиското славење затоа што сите не можат да ни се придружат во текот на неделата. Многу е важно за нас секој верник што подобро да се подготви за Воскресението – рече о. Макулевиќ.

Не се занемарува ниту аспектот на делотворната љубов: Низ ова време ги повикуваме сите да направат некој гест на милосрдие – рече апостолскиот управител. Великиот пост не значи само пост и покора, туку и делотворна љубов. Давање милостиња, односно секојдневно да се прави нешто добро и корисно за другите, го отвора нашето срце за прифаќањето на ближниот. Периодот на Великиот пост може да биде исклучителна вежба за таа склоност на духот да стане вистински начин на живот – заврши о. Макулевич.

Додаваме на крајот дена во Узбекистан живеат 29 милиони луѓе од кои околу 80% од населението се изјаснува за муслимани, додека 8% од населението припаѓа на Руската православна црква. Католичката заедница е распределена во пет заедници кои се наоѓаат во големите градови на таа средноазиска земја, а брои околу 3000 верници. Во Ташкент има приближно 700 активни верници, додека другите живеат во градовите Самарканд, Бухара, Ургенч и Фергана.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот