Три поуки од животот на свети Јероним кои ќе ви помогнат да останете смирени во текот на кавга

Три поуки од животот на свети Јероним кои ќе ви помогнат да останете смирени во текот на кавга

Кога сум вознемирен тоа го чувствувам во забите. Цврсто ќе ги стиснам вилиците, отчукувањето на пулсот нагло скокнува. (…) Чувствувам напнатост во вилиците. Мислам дека дури и кожата околу очите ми поприма чуден изглед заради мускулатурата на лицето. Луѓето кои имаат развиена моќ за забележување веројатно можат да ги прочитаат моите емоции како отворена книга затоа што нелагодноста јасно се исцртува на моите намрштени веѓи.

Во текот на расправата запаѓаме во вистинска емоционална бура

Истражувањата покажуваат дека расправата има голем број несакани ефекти на телото. Гневот се шири во нашето тело додека емоционалниот стрес го напаѓа секој негов систем. Вообичаено е да се забрзува отчукувањето на срцето и да се зголеми крвниот притисок, но постојат и други ефекти кои вклучуваат забрзано плитко дишење заради притисокот во градите. Дури и самиот мозок не функционира како што треба затоа што кога се чувствуваме загрозено, тој го испушта хормонот кортизол кој создава уште поголем стрес, подготвувајќи нѐ за жестока борба, а не за рационална расправа со шолја чај.

Спомнатите физички фактори создаваат повратна врска. Расправата предизвикува гнев кој придвижува физичка реакција која пак доведува до тоа да се чувствуваме непријатно да не можеме рационално да размислување и не сме способни да ја прекинеме расправата. Мислам дека заради тоа во екот на расправата често закопуваме уште подлабоко, а потоа подоцна заклучуваме каде ни бил паметот. Гледајќи назад, се прашувам зошто одреденото спорно прашање тогаш ми било толку важно кога всушност не ми е толку дојдено до него и неволно би прифатил компромис. Проблемот е во тоа што за ова не сме свесни во екот на расправата затоа што не можеме да управуваме со своите емоционални и физички реакции.

Радикална борба со сопствената кавгаџиска природа

Оваа седмица го славиме празникот на свети Јероним светец кој е познат по својот пргав карактер. Тој бил човек со повеќе од доволно искуство во расправии кои знаеле да  избегаат од контрола и не бил многу познат како пример на внатрешен мир. Бидејќи бил свесен колку силно гневот има влијание на него, свети Јероним во 375 година одлучува две години да ќе живее сосема сам во пустина и барем до некаде да го врати својот мир. Тоа искуство не му донесува некој посебен успех и истиот проблем го мачел од крајот на животот. Враќајќи се на активниот живот, продолжил со остро проповедање. (…)

Гневот ја отвора вратата на сите други лоши навики

Свети Јероним веројатно не бил пољубезен од тебе или мене, но затоа никогаш не се помирил со својот кавгаџиски карактер – велат дека дури се удирал со камен обидувајќи се да се смири, и многу размислувал за природата на гневот. Ги спознал духовните рани кои ги нанесуваат таа лоша навика. Свети Јероним сфатил дека гневната расправа има духовен ефект. Тој тврди дека гневот ја отвора вратата за сите други лоши навики. Кога сме гневни, се однесуваме спротивно од она кога би се однесувале кога сме смирени. Започнуваме да озборуваме, да навредуваме и да лажеме. Го губиме трпението и стануваме нељубезни. Емпатијата исчезнува додека трепнеш. Горделивоста и себичноста ја преземаат контролата над нас.

Сепак несогласувања секогаш ќе има. Кои поуки можеме да ги извлечеме од животот на свети Јероним за да научиме да останеме смирени во текот на расправата?

Направете пауза

Победување во расправата по секоја цена не е вредно за емоционалните рани патем, а долготрајниот гнев предизвикан со расправата на никој не му донесува корист. Вистина свети Јероним се мачел со својата способност да остане со ладна глава во текот на расправата, но имал добар план да се обиде тоа да го надмине. Кога би се нашол во неиздржлива расправа, знаејќи дека ги загубил нервите, правел пауза – дури и во траењето од две години во пустината. Разговорот секогаш може да се продолжи подоцна, кога на сите малу ни изладат главите.

Слушајте и фокусирајте се

Расправите излегуваат од контрола кога всушност не се земаме еден со друг во предвид. Кога само се трудиме да и докажеме на другата личност дека е виновна и се обидуваме да ја принудиме на предавство, таа тоа веднаш го почувствува и возвраќа со истата мерка. Зборовите се заоструваат и паѓаат навредите кои не ги мислиме (но кои сеедно болат). Една од големите добродетели на свети Јероним била таа во текот на расправата да земе во предвид и детално да размисли за она што другата личност се обидува да го каже. Би посветил многу внимание на комуникацијата со своите противници. Се додека тоа го правел бил на вистинскиот пат.

Преиспитајте се себе

Свети Јероним сфатил дека вистинскиот проблем се крие во него самиот. Дури и кога бил во право, увидел дека неговиот начин на комуницирање не бил ефикасен кога ќе ги загуби нервите. Тоа го сметал за своја голема мана заради што самиот себе се казнувал удирајќи се со камен. Денес никој не би препорачал таква метода – неговата дисциплинска одлука била резултат на времето и околностите во кој живеел, меѓутоа бил на правиот пат кога одлучил најпрво да се преиспита самиот себе.

Иако светиот Јероним не успеал целосно да го заузда својот гнев и понатаму знаел да ги загуби нервите, се борел против таа мана цел живот. Можеме да се восхитуваме на неговата упорност и проникливост и по можност да ја избегнуваме неговата слабост. Легендата вели дека еднаш извлекол трн од лавовска шепа. Можеби токму таквата храброст е потребна среде расправата наместо да се препуштиме на стресот и на гневот, да останеме смирени, длабоко да вдишиме и да ја развлечеме насмевката на лицето

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва
Ознаки Јероним, кавга

За авторот