Еден светец рекол дека силата на измолени три бројаници е еднаква со силата на молитвата за егзорцизам.
Дон Дамир и салезијанскиот ред многу добро знаат колку е моќна Светата Бројаницата, па така овој свештеник во една своја проповед истакнал: „Еден светец рекол дека силата на измолени три Бројаници е еднаква со силата на молитвата за егзорцизам.“
Свети Иван Боско, светец кој што го основал салезијанскиот ред, никогаш не би успеал во својот апостолат со младите ако не се надевал на заштитата на Марија Помошничка на христијаните. Дон Боско често водел борба со ѓаволот и демоните за душите на своите деца. Марија Помошничка на христијаните го зема под заштита свети Иван Боско и неговите деца, денес салезијанците.
Пораката на Пресвета Богородица од Фатима: „Молете Бројаница секој ден за да измолите мир во светот и крај на војните!“ Нашата мила Богородица од Фатима порачува преку малата Луција: „Јас сум Богородица на светата Бројаница. Нека Бројаницата се моли секој ден!“
Нашиот сакан свет папа свети Иван Павле II зборуваше: „Бројаницата е мојата омилена молитва. Многу знаци покажуваат дека и денес светата Девица сака токму преку оваа молитва да ја оствари онаа мајчинска грижа која што Откупителот и ја доверил на своето умирање, во личноста на саканиот ученик, сите синови на Црквата: „Жено! Еве ти син!“ (Иван 19,26)
Посебна харизма, како вистински апостол на Бројаницата имал блажениот Бартоло Лонго. Неговиот пат кон светоста се темели на вдахновението што го слушнал во длабочината на своето срце: „Секој кој што ја шири молитвата на Светата Бројаница, ќе биде спасен!“
Света Мајка Тереза имала видение: „И повторно тоа големо мноштво – на нивните лица видов голема тага и страдање – коленичев близу до Богородица, која беше свртена кон нив. Не го видов нејзиното лице, но слушнав што зборува: Погрижи се за нив – тие се мои. Одведи ги кај Исус – носи го Исуса кај нив. Не плаши се. Научи ги да молат Бројаница, нека ја молат во семејството и сѐ ќе биде добро. Не плаши се, Исус и јас ќе бидеме со тебе и твоите деца.“
Свети Падре Пио, познатиот светец кој го нарекувале: „ЖИВА БРОЈАНИЦА“ затоа што молел Бројаница цели денови! Поглаварот на манастирот го прашал отец Пио колку Бројаници моли секој ден. Одговорил: „Ееех! Морам да ја кажам вистината на моите поглавари! Триесет и четири сум измолил!“ Кога го прашале пред смртта нешто да им каже тој ова им го рекол: „Љубете ја нашата мила Богородица и поттикнувајте ги другите да ја љубат. Секогаш молете Бројаница!“ За Бројаницата зборувал вака: „моето оружје“, „мојот меч“! Треба да спомнеме дека падре Пио умира со Бројаницата во рака.
Блажениот кардинал Алојзие Степинац зборуваше: „Затоа топло ве молам, од љубовта која ја имам кон вас во Исуса и Марија, да ја молите Бројаницата, а исто така, кога имате време, и целата Бројаница, секој ден, па на смртниот час ќе го благословувате денот и часот кога сте ми поверувале.“
Големиот апостол, свети Људевит Монтфортски вака зборувал: „Радувај се Маријо е небесна роса која душата ја прави плодна. Таа е чист и нежен бакнеж што го даваме на Пресвета Богородица; румена роза која и ја принесуваме на Марија; скапоцен бисер што и го поклонуваме; чаша амброзија и божествен нектар што го нудиме. Сето ова се споредби на светиите. Со овој поздрав и вие, изговарајќи го како што треба, сигурно ќе го придобиете Богородичното Срце.“
Духовност/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк