Трибини за богородичните светилишта

Трибини за богородичните светилишта

Со благослов на Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко  – скопски епарх, Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија и Радио Марија во месец октомври и ноември 2023 организираат трибини за богородичните ходочаснички места.

Трибините ќе започнат на 15 октомври 2023 година со предавање за богородичното светилиште Мајка Божја Паљурска – Утешителка, а предавач ќе биде ддеканот на Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.

На трибината која ќе се одржи во сабота 28 октомври 2023 година м-р Данче Ичева, која ќе зборува за светилиштето Лурд во Франција.

Во недела 12 ноември 2023 година за најпознатото и најпосетеното светилиште на американскиот континент, Гвадалупе, кое се наоѓа во Мексико ќе зборува директорот на Радио Марија и парох во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица протојереј отец Гоце Костов.

Циклусот предавања на трибините за богородичните светилишта во недела 26 ноември 2023 година ќе го заокружи г-дин Александар Аврамов, кој ќе зборува за богородичното светилиште во Меѓугорје.

Трибините ќе се одржуваат во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица со почеток во 18.00 часот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот