Телеграма со честитки од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија

Телеграма со честитки од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија

По повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија во седиштето на новооснованата епархија пристигнаа бројни честитки од земјата и странство од повеќе институции, организации и луѓе од општествениот, верскиот, политичкиот и културниот живот.

Во оваа прилика ја издвојуваме честитката од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Република Макеоднија, г-дин м-р Дарјан Сотировски, која ја пренесуваме во целост.

***************************

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

ДО

БИСКУПОТ СКОПСКИ И ЕПАРХ СКОПСКИ И СТРУМИЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА Г. КИРО СТОЈАНОВ;

СВЕШТЕНСТВОТО И МОНАШТВОТО НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД

Почитувани,

Со голема радост го примивме Вашето известување дека на 31 мај 2018 година од страна на светиот Отец папа Франциск досегашниот Апостолски егзархат во Македонија е воздигнат во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“.

По тој повод, дозволете од името на македонските граѓани и од мое лично име да Ви го честитам воздигнувањето на досегашниот Егзархат во Епархија и истото така именувањето на монс. д-р Киро Стојанов за Епарх на новата Епархија. Ова воздигнување е од особено значење, интерес и чест на Католичката црква во Република Македонија.

Честитајќи Ви го оваа големо воздигнување, на почитуваниот Епарх и на верниците на Епархијата им посакуваме во иднина успешен и долг духовен живот поминат во мир и хармонија, сведочејќи на тој начин за непроценливите евангелски вредности и допринесувајќи за почитување на неотиѓивото човечко достоинство.

Со почит,

Директор

м-р Даријан Сотировски

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот