Телеграма со сочувство до бискупот од Папантлa

Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, во име на папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до мексиканскиот бискуп од Папантлa, Хозе Тринидад Запад Ортиз, во чија бискупија се убиени двајца свештеници.

Непознатите сторители во недела 18 септември ги киднапирале, а потоа и ги убиле свештениците. Во телеграмата стои дека Папата е шокиран од убиството на двајцата свештеници и при тоа ги поттикнува свештениците и душогрижниците да продложат предано да се залагаат за слабите и оние во потреба.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот